Наместо да трчате во фитнес центри, би требало да ги одредите Вашите слаби точки и да се преиспитате и размислете што е тоа што Ве тера да јадете. Докторот Даниел Амен смета дека луѓето кои се склони на дебелеење можат да се класифицираат во пет категории: компулсивни, импулсивни, комплусивно – импулсивни, тажни или емоционални типови на личност.
Компулсивен тип – доколку припаѓате во овој тип на личност, Вие сакате да се расправате, склони сте кон екцеси и имате проблеми со несоница. Овој тип има тенденција да се фокусира само на јадење. Иако протеините не дебелеат, таа храна го зголемуваат фокусирањето, што значи наместо протеини треба да јадете повеќе сложени јаглено хидрати. Тие ќе му поможат на телото да создаде повеќе сератонин кои го крева расположението.
ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ: интегрален ориз, лосос, банани, месо од мисирка, семќи од сончоглед.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ: Кафе и храна богата со протеини.
Импулсивен тип – во ова група припаѓате доколку јадете и кога не сте гладни, неорганизирани сте и секогаш доцнете. Би требало да ги избегнувате јаглените хидрати и шеќер, бидејќи тие го зголемуваат расположението и го намалуваат нивото на самоконтрола. Доколку мислете дека припаѓате на овој тип, јадете што е можно повеќе пилешко месо, житарки бидејќи ја подобруваат концентрацијата.
ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ: пилешко месо, месо од мисирка, јајца, житарки и зелен чај.
ИЗБЕГНУВАЈТЕ: Шеќер и јаглените хидрати.
Компулсивно – импулсивен тип – Вие припаѓате на овој тип доколку имате карактеристики на компулсивни и импулсивни личности, и размислувате за храна во текот на цел ден. Вие треба да се фокусирате на вежбање и редуцирање исрана, бидејќи тоа е најдобар начин да се ослободите од вишокот на килограми.
ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ: Консумирајте што е можно повеќе зелен чај
СОВЕТ: Поминувајте повеќе време надвор од дома, посебно доколку е сончево време.
Емоционален тип – Емоционален тип е склон кон честите главоболки, се досадуваат, се чувствуваат осамено и имаат ниско ниво на самопочит. Доколку припаѓате на овој тим зголемете го внесувањето на омега три масни киселини кои го смируваат телото.
ШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ: Јајца, ореви, лешници, броколи
ИЗБЕГНУВАЈТЕ: Кафе и алкохол