Стивен Хокс, доцент на при универзитетот во Јута тврди дека со овој режим можете да јадете сè: од помфрит па сè до чоколадо, а притоа не само што нема да се здебелите туку ќе слабеете. Оваа диета се заснова на тврдењето дека за симнувањето на килограмите поважни се инстинктот и здравиот разум отколку строгите правила.
Според мислењето на американскиот научник, вистинскиот глад е природен и биолошки неопходен механизам кој на човекот му овозможува преживување. Сладејќи го апетитот под оваа нова теорија забележуваме дека рестриктивните диети се бескорисни и контрапродуктивни.
Хокс понатаму истакнува дека човекот многу тешко ги прифаќа забраните, а посебно што го лишуваат од задоволството при јадењето, па неизбежно е дека порано или подоцна личноста ќе капитулира пред искушението. Кога ќе научиме да го слушаме телото, природно е дека ќе ги избираме само оние производи кои во моментот ни се неопходни. Па ако денеска сме се насочиле кон чоколадната торта, утре најверојатно ќе се задоволиме само со голема порција салата.
Правила за секој ден
Ако посакувате да ја пробате интуитивната диета, еве ги советите за успешно да ја спроведете:
- Научете да го разликувате гладот од стомакот и од главата. Не е тешко: кога ќе почувствувате желба за храна, застанете и размислете дали доаѓа од стомакот или од главата.
- Стомачната глад треба да се задоволи веднаш. Во спротивно нема да можиме да се сконцентрираме. Ако сме гладни и нервозни и по пет минути, гладот сигурно доаѓа од стомакот, а ако желбата за храна исчезне, знајте дека тоа е од главата.
- Интуитивната диета треба да се спроведува постапно. Наједноставен оброк за разбирање на методата е појадокот. Во моментот на будење разумот уште спие, што значи дека изборот на продукти за појадок со сигурност не ги диктира инстинктот, односно гладот од стомакот.
- Наместо да ги исфрлите сите забранети продукти задржете некој. Кога над главата ќе Ви стои забраната за грешниот продукт, организмот најверојатно ќе престане да го бара.
- Ако некој од колегите ќе ви понуди кифла, благо, чоколадо… а Вие не сте гладни, одбијте го љубезно, но и одлучно.