Доколку сакате да го подобрите Вашиот изглед, да ја подборите формата, кондицијата и издржливоста, почнете со фитнесот и вежбите кои ќе Ве затегнат и ќе Ве ослободат од прекумерните килограми.
Направете прв чекор и направете нешто за Вашето тело, бидејќи организмот копнее за движење и физичка активност. За почеток, сменете го начинот на живеење, и свртете се кон фитнес. Поради голем број на обврски, како на работа така и во домот, на сите ни е потребна физичка активност. Физичкото здравје се гледа во флексибилноста на телото, рамнотежата, рефлексите, брзината, издржливоста, координацијата, кардиоваскуларната издржливост, а фитнес тренинг во континуитет влијае на физичкиот, менталниот и емоционалниот склоп на секој поединец .
Од 7 до 77 години
Влијанието на фитнесот на здравјето е големо, но само ако вежбате на вистинското место и под надзор на стручно лице. Со фитнес можат да се занимаваат и деца, постари лица, луѓе со нарушено здравје и бремените жени.
Клетки полни со кислород
За да бидете психички посилни и постабилни, треба да бидете во полна кондиција и во топ – форма, односно да бидете спремни за сите дневни активности. Интензивното движење и рекреирање овозможува снабдување на ткивата и органите со хранливите материи и со кислород.
Ослободете се од стресот
Секоја справа, машина или вежба, фитнес тренерот ќе ја приспособи според Вашите можности. Со оваа активност можете да ја намалите телесната тежина, да ги зајакнете мускулите, да ја зголемите флексибилноста на вашите мускули и да ја подобрите здравствената состојба.
Циркулација за медал
Забрзувањето на пулсот додека трчате во место ќе Ви биде доволно клетките да ги наполните со двојно количество на кислород. Главната предност на фитнесот е во тоа што влијае на подобрување на циркулацијата на крвта, зголемена активност на мускулите и лигаментите, како и зголемување на мускулната маса.
Добра концентрација – висок потенцијал
Додека кај жените кои вежбаат три пати во неделата по 20 минути се истакнува елеганција во движењето, психичкиот мир, добрата концентрација и високиот работен потенцијал, жените кои се мрзливи покажуваат поголем замор и слабо фокусирање на работните обврски.