Почетна / Совети за здравје / Зошто треба да јадете црн леб

Зошто треба да јадете црн леб

Лебот е основна намирница во многу култури и се прави со печење на тестото чии основни состојки се брашно и вода.

Уште во стариот Рим постоеле големи државни пекари. Од деветтиот век, во поголемите европски градови се појавиле пекарски еснафи. Квалитетот на лебот значително се подобрил во Новиот век во северна Италија, во 17 век во Париз, А во Беч се произведувало луксузно пециво во 18 век. Од 19 век производството на леп се повеќе се механизира.

Така белиот леб стана статусен симбол, а црниот се смета храна за сиромашни. Денес, црниот леб е најчест избор на луѓето кои се грижат за своето здравје и се грижат за нивната правилна исхрана, а белото пециво претставува симбол за лоша прехрамбена навика.

100 грама леб од цело зрно(грам леб) има околу 200 калории, додека белиот леб има 240 калории во 100 грама. Интегралното брашно не е рафинирано, за разлика од белото, кое покрај скробот и растворливиот шеќер содржи трици и природно жито што во себе содржат диететски влакна. Тоа се целулоза, хемицелулоза и лигнин (несварлив јаглен хидрат). Влакната во желудникот го зголемуваат волуменот и го пролонгираат чуството на ситост, имаат заштитно дејство, ги врзуваат маснотиите и полесно ги отстрануваат наместо да одат тие дирекно во крвта, а немаат калорична вредност.

Влакната исто така имаат смирувачки ефект на желудникот, ја зголемуваат активноста на цревата, ги зајакнуваат дигестивните органи, ги апсорбираат токсичните материи во цревата и го скратуваат времето на преминување на храната низ дигестивниот систем.

Освен тоа, црниот леб има многу повеќе витамини, особено Б комплекс, минерали и протеини  од белиот леб.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...