Почетна / Некатегоризирано / Зошто се врти лепче со паричка на Василица?

Зошто се врти лепче со паричка на Василица?

Во голем дел од градовите и населените места во Македонија лепчето со паричка се врти на Бадник, но по традиција тоа се правело со векови наназад на Василица. Василица е традционално прославувана како стара нова година односно таа е разликата со тие 13 дена со Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар.

Симболиката на паричката во лепчето  се смета за земно богатство, а лебот  го симболизира телото Христово. Името овој празник го добива по Василј Велика (330-379) стана Архиепископ Кесариски.
Епархот на Кападокија,  многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кесарија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се врати, ниту пак им здодеваше на верниците од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер, не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година, кога сите луѓе дојдоа во црквата, тој на секого им даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено. За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на Свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стариот календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што лепчето се дели на онолку парчиња колку што има присутни на трпезата (семејната) и плус 3 парчиња за Господ, Богородица и третото се сече во име на куќата или св. Василиј. Прво се сечат овие парчиња и понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката, се верива дека ќе биде благословен и среќен во текот на претстојната година.
За разлика од лепчето за Бадник кое по правило е посно, лепчето за Василица е мрсно може да биде мазниче, погача, пита…Традиционално  на нашите простори тоа е мазниче.
Трпезата за овој празник е мрсна, традиционално се пали оган за овој празник или истиот се слави во рамките на домот. Нова традиција е истиот да се слави во локали, но сепаак приорите ќе им дадеме на домовите.

 

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...