Почетна / Здравје и исхрана / Зошто обожаваме ајвар?

Зошто обожаваме ајвар?

Една од причините зошто ја обожаваме традиционалната домашна кујна е ајварот. Еден од највкусните специјалитети во нашата кујна. Подготвуван со векови наназад, и рецепт пренесен од нашите пра-прабаби што го прави посебно драг за секој од нас.

Неговото име доаѓа од турскиот збор” havyar”, што значи кавијар.
Овој уникатен намаз од пиперки  за нас е подрагоцен и повкусен и од кавијар, а секој што го испробал добро знае зошто е еден од највусните деликатеси.
Во септември кај нас е месец за подготовка на ајвар. Доколку поминете по некоја од улиците, во овој месец ќе уживате во мирисот на печените пиперки.
За Македонците, ова е веќе и ритуал кој се пренесувал од нашите баби и дедовци на нашите родители, а ние ќе го пренесеме на нашите деца и тие на нивните.

Ајварот се консумира како намаз, во ладни сендвичи, во комбинација со сирење и топол леб (можеби и најдобрата и највкусната комбинација), како додаток на даска со сувомеснати производи и млечни производи, во поново време како додаток за тестенини, солени торти, солени јадења и безброј многу комбинации.

Доколку Италијанците можат да се пофалат со Nutella можеме и ние да се пофалиме со еден од највкусните деликатеси – нашиот драгоцен ајвар.

Процесот на подготовка е доста тежок, вклучува доста   мануелен труд и вклучување на поголемиот дел од семејството, па дури и пријателите и комшиите со цел побрзо и во поголеми количини да се направат што е можно повеќе теглички.

Кога сте динамични како и времето во кое живееме и ограничени во подготовката на ајвар, во секое време може да испробате од оној што го нудат нашите компании за производство на ајвар- меѓу кои и оној на Vipro –вистински фаворит за нас со вкус кој ја доловува автентичноста на ајварот – оној домашниот кој нашите баби го подготвувале со традиционални и помодерни верзии за сечиј вкус.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...