Почетна / Диети / Зошто ни се потребни суплементи и кои суплемeнти ни се потребни?

Зошто ни се потребни суплементи и кои суплемeнти ни се потребни?

Не постои генерализиран одговор на ова прашање затоа што секој поединeц има индивидуални нутритивни потреби и недостатоци од нутриенти. Со недоволно плодната почва, и квалитетот на храната постојаното присуство на хемикалии во нашето секојдневие може да ја блокира апсорпцијата на нутриенти , постојат периоди кога не е возможно да го добиеме она што на нашиот организам му е потребно од храната.

Специфичните здравствени проблеми може да бидат добар знак дека се соочуваме со недостаток на нутриенти или поретко со токсични материи наталожени во телото.
Иако во ваквите ситуации имаме потреба од суплементи сепак најдобро е да се нагласи дека првенствено фокусот треба да се стави на начинот на исхрана, затоа што дури и најдобрите суплементи не може да го ‘’поправат’’ она што е нарушено преку нездравата исхрана.

Што со оние лица кои не консумираат процесуирана храна, спијат доволно, внимаваат на стресот, активни се но се уште се соочуваат со одредени здравствени проблеми?
Во овие случаи добро е да се размисли околу додавање на суплементи во исхраната.
Секогаш консултирајте се претходно сос војот доктор пред да земате на своја рака суплементи.

Магнезиум

Овој минерал претходно многу застапен во почвата и во водата, преку конвенционалните практики на производство на храна го острануваат од почвата и флуоридот и другите состојки во водата се врзуваат со него и прават да не може да се дигестира во нашето тело.

Овие фактори исто така предизвикуваат недостаток на магнезиум во организмот:

  • Консумирање на кафеин;
  • Консумација на шеќер (потребни се 287 молекули на магнезиум за да се метаболизира една единствена молекула на глукоза );
  • Консумација на процесуирана храна;
  • Консумација на алкохол;

Дополнително лековите како лекови за хормoни, лекови за висок крвен притисок, диуретици, инсулин,  и одредени антибиотици ги намалуваат и осиромашуваат нивоата на магнезиум во телото.
Магнезиумот во телото се користи во стотици најразлични реакции од правилната хормонална функција до регенерација на клетките и здравата формација на коски. Адекватните нивоа на магнезиум во крвта се поврзуваат со намалениот ризик од срцева болест.

Со цел да се надоместат нивоата на магнезиум во телото потребите може да се задоволат на следните неколку начини:

– Со консумирање на храна богата со магнезиум: зеленолисни зеленчуци, коприва, јатки, семиња, риба, грашок, авокадо, јогурт, банани, сушено овошје, темно чоколадо

Пробиотици

Друг елемент со чиј недостаток се соочуваме се почесто во нашата исхрана е недостатокот на пробиотци. Здравата цревна флора е клучна за целокупното здравје и добриот имунитет.Во минатото поголемиот дел од храната бил презервиран со конзервирање кој претставува добар начин за додавање на пробиотски својства на храната. Денес кога поголемиот дел од храната е процесуирана и рафинирана потребно е да обрнеме внимание да внесуваме повеќе храна богата со пробиотици и да јадеме повеќе зеленчук и овошје.

Затоа што бактериите во цревата се многу важни, пробиотиците се важен суплемент кој треба да се погрижите да го консумирате. Во храната пробиотиците би можеле да ги пронајдете во следните намирници:

  • Kombucha
  • Воден ќефир
  • Во лакто- ферментиран зеленчук
  • Грчки јогурт

Во форма на суплементи ви го препорачуваме производот Acidophilus 4×6 со повеќе од 4 милијарди пробиотски бактерии и со 6 вида на пробиотици. Производот ја унапредува позитивната пробиотска рамнотежа не содржи ГМО и глутен.

Omega 3 здрави масни киселини

Омега 3 масните киселини достапни се во изворите на храна како: лосос, ленено семе, пекани, ореви, малиново масло, тиква, бел грав, Омега 3 масните киселини се есенцијален вид на масни киселини, темно зелен лиснат зеленчук. Недостатокот на консумирање на Омега 3 масни киселини предизвикува појава на болни зглобови, недостаток на енергија, анксиозност, депресија, артритис, астма, алергии, висок крвен притисок и сл.

Заштита од сонце

Во лето е многу важно да се заштите и од внатре и од надвор.
Сонцето е најголемиот извор на Витами D, меѓутоа поради продорните сончеви здраци телото не може да ги апсорбира во соодветна количина овие витамини. Суплементите може да помогнат при намалување на инфламацијата на телото и со што подобро може да го апсорбираат витаминот D.
Astaxanthin– е суплемент и еден од најмоќните антиоксиданси кој делува како внатрешен ‘’заштитен фактор’’.
Овој суплемент е одличен затоа што има дејствија против стареење врз кожата.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...