Почетна / Здравје и исхрана / Зошто кафеавиот шеќер е поскап од белиот?

Зошто кафеавиот шеќер е поскап од белиот?

Жолтиот или кафеав шеќер е поскап о белиот затоа што технолошкиот процес на производство на ваквиот шеќер е поскап. Дали цената на кафеавиот шеќер е повисока само заради тоа или заради односот на понудата и побарувачката, или пак се работи за маркетинг, оставаме на вас да процените…

Порано под кафеав шеќер се подразбираше само шеќер од шеќерна трска. Заради тврдењата дека кафеавиот шеќер е поздрав од белиот, денес ваквиот шеќер се произведува и од шеќерна репа и кај нас на пазарот е многу застапен.

Како тече производството на шеќер?

Производството на шеќер од шеќерна репа грубо кажано: после примање на шеќерната репа, таа се мие, се сече на тенки резанки и се потопува во врела вода каде се екстрахираат водорастворливите материи. Овој шеќерн сок се прочистува со калциум хидрокси, а нечистотиите се отстрануваат со таложење и филтрација. Вака прочистениот сок со испарување добива конзистенција на сируп и со понатамошно испарување се продолжува додека не почне создавањето на кристалите шеќер. Резултатот од испарувањто е мешавина од бели кристали шеќер и темнокафеав сируп. Тој сируп се вика меласа од белите кристали  е издвоен со центрифугирање.

Како се добива кафеавиот шеќер?

Денес, производството на бел шеќер е толку усовршено и автоматизирано што на производителите тој процес на производство не им се исплаќа, па да прекинуваат во било кој момент само за да добијат кафеав шеќер.

Кафеавиот шеќер најчесто се добива со претходно отстранување на меласот во белиот шеќер, а тоа подразбира дополнителни трошоци. Додавањето на меласот во белиот шеќер наместо прекинување на рафинацијата на пола е поедноставно за производителите бидејќи целосно ја контролираат количината на шеќер и бојата.

Дали кафеавиот шеќер се обојува?

Спрема нашиот правилник во белиот шеќер е дозволено  и додавање на одредени природни бои. Иако тие бои всушност се добиваат од шеќерот со негово пржење, потрошувачот бира и плаќа повеќе мислејќи дека јаде нешто поздраво.

Дали кафеавиот шеќер е поздрав од белиот?

Истражувањето на научниците во последно време е дека единствената разлика е во вкусот. Иако нема сомнение дека белиот леб и белиот ориз се помалку здрави од интегралниот леб, кај шеќерот приказната е малку поинаква. Количината на минерали (калциум, калиум, железо, магнезиум) во кафеавиот шеќер добиен со додавање на мелас во белите кристали е мала. Разликата меѓу нив не се ни приметува.Исто така постои полемика, дали меласот од шеќерната репа е здрав, затоа што останува прашањето колку нечистотии се отстранети при прочистување и филтрација на шеќерниот сок, што зависи од производителите. Што се однесува на шеќерот во кој се додаваат бои според правилници, тука нема дилема – не, не е поздрав од белиот шеќер.

Ако зборуваме за калориска вредност, разликата е занемарлива: кафеавиот шеќер има 377 kcal a белиот 387 на 100g.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...