Почетна / Совети за здравје / ЗОШТО Е ЗДРАВО ДА СЕ ЈАДЕ ВИОЛЕТОВО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК?

ЗОШТО Е ЗДРАВО ДА СЕ ЈАДЕ ВИОЛЕТОВО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК?

Виолетовото овошје и зеленчук е преполно со антиоксиданси кои го чистат телото и затоа е посебно здраво да се јаде синиот патлиџан, сливи, црното грозје, виолетовиот кромид.

Кошничката со сино, темно црвено или виолетово овошје и зеленчук не само што изгледа убаво туку дава и големи здравствени бенефити. Виолетовата храна е преполна со антиоксиданси кои го чистат нашиот организам од слободните радикали.

Според податоците на министерството за земјоделие компирот со потемна боја има четири пати повеќе антиоксиданси од другите видови на компири. Со други зборови оној зеленчукот и овошје кое е потемно во себе содржи повеќе антиоксиданси. Сливата, зелката, синиот патлиџан, капинките, црните рибизли, црвен кромид, грозјето – сето ова овошје и зеленчук со виолетовиот пигмент содржат флавоноиди кои го контролираат крвниот притисок и го зајакнуваат имунитетот.

Лушпата од црното грозје има пигмент антоцијан кој го зајакнува имунитетот, поволно влијае на кардиоваскуларниот систем и го отежнува растот на канцерогените клетки. Кај брусницата виолетовиот пигмент поволно влијае кај оние луѓе кои имаат инфекција на уринарниот тракт.

Постојат научни докази дека виолетовата храна го подобрува здравјето на срцето, видот и работењето на мозокот. Најновите студии потврдуваат дека возрасните луѓе кои го јадат виолетово и темно овошје и зеленчук имаат намален ризик од високиот крвен притисок и лошиот холестерол и имаат помала веројатност дека ќе бидат дебели. Значи, за да се добие поголема корист од виолетовото овошје и зеленчук воведете ги што е можно повеќе во Вашата секојдневна исхрана.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...