Почетна / Совети за здравје / Зошто е важно да пиете вода во зимските денови?

Зошто е важно да пиете вода во зимските денови?

Како што времето заладува, сите сме во потрага за нешто што ќе не стопли, како внатрешно така и надворешно. Ајде да се соочиме. На листата затоплувачи сигурно дека не е водата како прва алатка за превентива во ладните денови.

Но, да видиме кои се тие причини кои е најважно да ги знаете, зошто треба да пиете вода во зима? Најважно е дека треба да ја внесете истата количина на вода како во лето така и во зима.

karas-16953-635x307

Како што температурата се намалува, ние се наоѓаме во простор каде има греење, клими, камини кои го сушат воздухот. Освен тоа на себе носиме повеќе слоеви облека. Околината во која се наоѓаме може да предизвика дехидратација во нашето тело и кожа. Пиењето 8 чаши вода во текот на денот придонесува за свеж и млад изглед на кожата и исто така на телото му овозможува да одржи баланс, нормално функционирање и да стекне подобар имунитет.

Водата е застапена 2/3 во нашето тело. Оваа количина полека полека во текот на денот ја трошиме за извршување на најразличните активности – јадење, дишење, движење и друго… Иако активностите кои ги правиме се во помал број за разлика од лето, не заборавајте дека доаѓаат празници па јадеме покалорична храна и сме поопуштени. Храната како кондиторски производи, прехрамбени или пак се што е преработено бара повеќе вода заради потешкото варење, а различните алкохолни пијалоци или на пример кафе може да ве дехидрираат.

water1

Затоа, не прескокнувајте да испиете вода наместо пијалоци со непотребни додатоци како шеќери, засладувачи, бои и слично кои содржат и празни калории кои само предизвикуваат таложење на масти и покажување на телесната тежина.  Водата е компонента која ја поддржува физичката функција на телото, дава енергија, свежина и виталност во текот на целата година.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...