Почетна / Здравје и исхрана / Зошто е важно да ги јадете крушите?

Зошто е важно да ги јадете крушите?

Овие сочни плодови обилуваат со витамини и минерали што ги прави да бидат задолжително овошје во есенските денови. Меки и благи круши се идеално есенско овошје кој се одличен извор на витамини и минерали кои се важни за добрата состојба на целокупниот организам.

Крушите обилуваат со влакна, а на сите нас ни е познато дека исхраната која обилува со влакна помага во спречување на надуеноста, одржување на здравиот ниво на холестерол, а храната која е полна со влакна е добра во превенцијата на ракот на дојката, срцевите заболувања и дијабетес тип два.

Крушите се извор на голем број на витамини – Ц, К, Б2, Б3 и Б6. Идеално е овошје за бремените жени или мајки кои дојат бидејќи содржат фолна киселина. Кога се во прашање минералите, содржат калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакар се антиоксиданси па една круша на ден ќе направи чудо за Вашиот имунитет.

Крушите содржат и минерал бор, кој во нашето тело е потребен поради подобра апсорпција на калциум, што ова овошје го прави да биде силен сојузник во војната против остеопорозата. Уште една од предностите е и таа што крушата се смета за хипоалергенско овошје, што значи дека личностите кои се осетливи на храна можат да ја јадат крушата без страв од штетните ефекти.

Да се јаде три или повеќе порции овошје дневно, како што се крушите, може да се намали ризикот од сенилност, која е најчеста причина за губењето на видот кај повозрасните лица. Кората на крушата содржи кварцетин, антиоксиданс кој помага во спречување на рак и оштетувањето на артериите кои предизвикуваат срцевите заболувања. Најновите истражувања покажале дека консумирањето на крушите можат да помогнат во спречувањето на алцхајмеровата болест.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...