Почетна / Совети за здравје / Зошто е подобро да јадете ладен компир и зелена банана

Зошто е подобро да јадете ладен компир и зелена банана

Затоа што мислите на вашето здравје, морковите ги готвите на пареа, изладените компири ги фрлате бидејќи ви се сомнителни, или тестенините често заборавате на време да ги тргните од оган па се преваруваат? Стручњаците веруваат дека вие можете и подобро.

Ладен компир

Штом се сварат, клетките на скробот во компирот набабруваат и почнуваат да се распаѓаат, со што и полесно се варат. Но, ако се излади после варењето, скробот се претвора во облик кој е потешко да се свари. Меѓутоа, овој скроб, како и влакната  завршува во дебелото црево, па наводно делува во добрагта регулација на цревата.

Морковите сепак е подобро да се варат во вода отколку на пареа

Во споредба со сировиот или морковот готвен на пареа, морковот кој се готви во вода има повеќе каротеноид – антиоксидант кој телото го користи за создавање на витамин А, важен за раст, репродукција, имунитет, здрава кожа, очи и коса. Сто грама варен морков содржи 28 mg витамин Ц, нешто помалку од сировиот кој е 31 mg, за разлика од оној готвен на пареа кој содржи само 19 mg витамин Ц.

Чајот треба да врие барем една минута

Знаете дека чајот содржи полифенол, антиоксиданси кои ги чуваат клетките на срцето? Тие се испуштаат само ако чајот одстои  од една до четири минут во врела вода.

Внимателно со шпагетите! тестенините немојте да ги преварите! 

За среќа по нашиот метаболизам  тестенините имаат низок гликемиски индекс кој дава чуство на подолга ситост. Меѓутоа, ова важи само во случаите е готвена al dente. Скробот тогаш поспоро се разградува, а преработениот шеќер постепено се испушта во крвотокот. Преварените тестенини имаат всушност спротивен ефект.

Јадете зелени банани

Скробот во бананите со текот на зреењето се претвора во шеќер. Затоа, колку бананата е позелена и незрела, содржи помалку шеќер и поголема количина на скроб кој нашето тело не може толку лесно да го преработи, па и гликемискиот индекс понизок. Повеќе скроб стигнува и до дебелото црево, а ние од него добиваме помалку калории.

Масло во салата

Најдобро ќе ја искористите салатата, ако малку ја прелиете со маслиново масло ил додадете авокадо кој содржи здрави монозаситени масти. На нашето тело му се потребни маснотии за да ги искористи хранливите материи кои ги има во зеленчукот.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...