Почетна / Здравје и исхрана / Зошто е добро да се јаде риба?

Зошто е добро да се јаде риба?

Богатството на незаситени масни киселини, белковини, витамини и минерали ја прават рибата да биде една од најквалитетната храна, и нејзината консумација посебно придонесува за здравјето на срцето и крвните садови.      

Кога станува збор за риба, поскапата не мора нужно да биде и поквалитетна. Благотворните масни киселини кои се неопходни за здравјето се најдуваат често во поевтината, сината риба како што сардината.

Човекот со илјадници години се храни со риба и со плодовите на морето па голем дел од нацијата се храни со храна од морето. Рибата се лови и јаде уште од праисторијата, а најстарата забелешка за рибата како храна наhomo sapiensстара е преку 380.000 години. Рибата ја ценеле и старите народи, Египќаните, Кинезите и Римјаните. Така на пример, наклонетоста на старите Кинези кон рибата документирана е со најстариот рецепт за подготовка на мариниран и зачинет крап кој потекнува од 1300. година пред Христос.

Колку јадеме риба?

Препораките кажуваат за да се зачува здравјето потребно е да се консумира барем два пати во неделата по 170 грама риба. Пожелно е да барем една порција да биде мрсна риба како што е лосос, скуша, харинга, сардини, затоа што тие риби содржат најмногу благотворни есенцијални масни киселини.

Наведените препораки од година во година растат. Според извештаите за консумација на рибата, годишната консумација по глава на жител во последните години глобално расте. Според некои прогнози, стабилизацијата се очекува кога ќе се постигне годишен износ од 40 до 60 килограми риба по глава на жител.
Според досегашните сознанија, дневното внесување од 250 милиграми омега-3 масни киселини доволно е значително да се намали ризикот од настанувањето на кардиоваскуларни заболувања. Консумацијата на рибата два пати неделно, како што препорачуваат нутриционистите, ќе даде значаен придонес за подобрување на општото здравје.

Здравствените придобивки при консумацијата на рибата

Личностите кои редовно јадат риба го намалуваат ризикот од настанувањето на мозочниот удар, депресија и менталното пропаѓање кое се доведува во врска со стареењето. Но далеку поголема придобивка која ја нуди рибата е она за здравјето на срцето и крвните садови. Студијата на научниците од Хардвард откриле дека редовното и умереното внесување на риба која обилува со омега-3 масни киселини за 36% го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања.

Голем број на научни истражувања покажале дека редовното внесување на риба во текот на бременоста и доењето има благородно влијание на здравјето на детето и мајката. Посебна важност се придава на омега-3 масни киселини и нивното влијание на когнитивните способности на детето и превенцијата од настанувањето на кардиоваскуларни, малигни и хронични воспалителни процеси. Посебна корист од консумација на риба имаат луѓе кои се во повозрасни години. За тоа во прилог зборуваат истражувања на научниците од Northeastern Универзитет кои покажале дека личностите кои се во постара животна доба и кои често консумираат риба имаат поголема густина на коските од своите врсници. Жените во пост менопауза кои редовно јадат варена или печена риба имаат за 30% помал ризик од настанување на срцевите застои во однос на жените кои на истиот начин ја подготвуваат рибата и ја јадат ретко или никогаш, откриваат истражувања кои се објавени во списанието Circulation – Heart Failure. При тоа сината риба има посилно делување на зачувувањето на здравјето во однос на белата риба.

Проверете и

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods?

Зошто е корисен AlphaSorb-C од Now Foods? Има антиоксидативна заштита Брза апсорпција на Витамин Ц ...