Почетна / Активен живот / Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. Оваа соработка значи дека Членовите на Lyoness може да ги уживаат атрактивните бенефити од купувањето во сите Жито Маркети во Македонија

Cash back картичката, од крајот на овој месец, може да се користи на сите 52 продажни локации на успешниот македонски ланец Жито Маркети во Македонија.

„Жито Маркети е еден од најголемите трговци на мало со храна во државата. Среќни сме што ваква реномирана компанија е дел од нашата Куповна Заедница. Тоа што имаме силен прехрамбен партнер, како Жито Маркети, значи дека на нашите Членови може да им понудиме поголем избор на можности за пазарување и полесно да ги задоволиме нивните дневни потреби“, објаснува Радован Витошевиќ, Главен Извршен Директор на Lyoness во Македонија.

Како дел од оваа соработка, сите кои поседуваат Cashback картичка може да ги уживаат ексклузивните бенефити на сите локации на Жито Маркети. За сите направени купувања, тие ќе добијат 1% Cashback и еден Shopping Поен.

За Жито Маркети

Македонскиот ланец Жито Маркети ја отвори својата прва продавница во 1988 и сега е еден од најголемите трговци на мало со храна во државата. Компанијата моментално има 52 продавници и вкупно 750 вработени. Во изминативе 30 години, Жито Маркети има добиено неколку награди. Компанијата се фокусира на интензивно истражување на пазарот за континуирано да го подобрува опсегот на продукти, како и бенефитите за своите купувачи.

За Lyoness

Бизнис групата Lyoness ги дели своите активности на неколку бизнис полиња. Една од целните групи на Lyoness се потрошувачи кои сакаат да зачуваат пари (Cashback и Shopping Поени) секаде низ светот преку купување во продавници со Lyoness Cashback картичката или онлајн. Cashback Solutions допира до сите компании кои сакаат да ја искористат интернационалната мулти-секторска лојална програма. Целната група на Lyconet се состои од независни претприемачи кои сакаат да создадат своја Куповна Заедница. Моментално Lyoness е активен во 47 држави на сите континенти. 7 милиони членови уживаат во Lyoness Предностите кај околу 75.000 Трговски Партнери низ светот.

Повеќе на www.lyoness.com.

 

Проверете и

Младата Миа Крстевска е рекордерката на Македонија во младинско пливање

Младата пливачка Миа Крстевска(16) во овој спорт е веќе 10 години, во нејзина сопственост се ...