Почетна / Здравје и исхрана / Жалфија – природен антисептик и антибиотик

Жалфија – природен антисептик и антибиотик

Жалфија(Salvia officinalis) во народната медицина се користи како лек за воспалителни процеси на цревата, желудникот, црниот дроб, бубрезите, жолчката. Името на латински значи дека ова билка е спасоносна и лековита и се смета за најдобар природен антибиотик и антисептик.     

Во текот на историјата делотворноста на жалфијата била потврдена и со закон! Карло Велики знаел за нејзината лековитост, па со законот наредил да сите манастири мораат да одгледуваат по стотина различни видови на лековитите билки, од кои на првото место била токму жалфијата.

Кај жалфијата лековити се листовите и младите гранчиња, а како би се сочувале сите корисни состојки треба да се берат пред цутење. Сушењето треба да се изведува во сенка, во добро проветрени простории на температура најмногу до 40 степени. Ова е важно да се изведува на правилен начин затоа што листовите се богати со јаглени хидрати, целулоза, танини и белковини. Освен овие органски единенија содржи и многу железо и калциум, а посебно е богата со витамин А. Сепак, најважно од сите состојки е етерското масло.

Жалфијата има особина да стега, поради што, како чај е ефикасен кај дијарејата, како и кај болките и грчеви во желудникот. За подготвување на чај доволно е да ставите половина лажица лист на една шолја вода, а како терапијата би дала најдобри резултати дневно треба да испиете две шолји во мали голтки.

Жалфијата е ефикасна и кај болестите на органи за дишење затоа што поттикнува исфрлување на слузта. За подготовка на овој чај се меша цела лажица лист во шолја зовриена вода, се вари пет минути, а потоа се остава уште пет минути поклопено. Делотворноста на жалфијата која уште пред повеќе векови ја препорачувале билкарите, добива и службена потврда од научниците дека го подобрува помнењето. Научниците од Њукастл опфатиле со истражување здрави луѓе од 18 до 37 години, на едната група им дале капсули со масло од жалфија, додека втората група на испитаниците добила плацебо, односно масло од сончоглед. Се утврдило дека испитаниците кои стално земале масло од жалфија покажале подобри резултати во тестовите за помнење.

По овие резултати на научниците жалфијата им станала интересна за понатамошно истражување како потенцијални лек за Алцхајмер. Веќе е откриено дека ова билка го кочи ензимот ацетихолинестераз, кој негативно влијае на помнењето. Алцхајмеровото заболување е најчестиот облик на деменција во целиот свет, па пронаоѓањето на лекот би било револуционерно откритие. Научниците веруваат дека жалфијата поседува антиоксиданси кои можат да помогнат во лекувањето на ова болест.

Жалфијата е задолжителна состојка на многубројните лекарства кои се употребуваат за плакнењето на устата и грлото кај воспаленијата. Танините од жалфијата ја зајакнуваат слузокожата, додека етерското масло делува антисептично. Интересно е дека пред откривањето на антибиотиците, жалфијата со векови се користела против воспаление на грлото, зарипнатост како и за подготвување на чајот за заболените од туберкулоза. Денес екстрактот од жалфија често се додава и во пастите за заби.

Во народната медицина се користи и за зајакнување на нервите, а помага и за сите видови на настинка и грип. Се употребува и за чистење на крвта, но и против сите воспаленија, почнувајќи од грлото и внатрешните органи, па се до бешиката и вагиналните воспаленија. Исто така, ги олеснува тегобите на заболените од реуматизам.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...