Почетна / Совети за здравје / ЖАЛФИЈА – НАЈДОБАР ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК И АНТИСЕПТИК

ЖАЛФИЈА – НАЈДОБАР ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК И АНТИСЕПТИК

Жалфија е најдобар природен антибиотибиотик и антисептик. Помага кај грозница, воспаление на бешиката, ги зајакнува нервите, го олеснува варењето, го чисти џигерот.

Лековита, ароматична жалфија(Salvia officinalis) е една од најстарите медицински билки. Во списите ја спомнуваат сите антички доктори, а во нејзината лековитост и ден денес се верува. Лековити својства имаат само листовите кои се богати со јаглени хидрати, целулоза, тенини и белковини. Освен овие органски единенија, листовите содржат и много железо и калциум, а богати се и со витамин А. Сепак најважната лековита состојка на ова билка е нејзиното етерско масло.

Жалфија е неизоставна состојка на многубројните лекови кои се употребуваат за испирање на устата и грлото кога ќе настане воспаление. Поради силното делување на танините ја зајакнува слузокожата, додека етарското масло делува антисептично. Пред откритие на антибиотик, жалфија со векови се користела против воспалениена грлото, зарипнатост како и за подготовка на чај против потење. Освен тоа жалфија делува и против покачена температура и треска, ги уништува заразни вируски, добар е антиоксиданс, спречува грчеви во органите за варење, подобрува излачување на мокрачата, ги чисти цревата …

Во народната медицина жалфија се користи за зајакнување на нервите, а помага кај сите видови на настинка и грип. Се употребува за чистење на крвта, против сите воспаленија, од воспаление на грлото и внатрешните органи до бешика и вагинални воспаленија. Им олеснува болките на заболените од реуматизам и преставува ефикасен антибиотик. Траварите потврдуваат дека жалфијата е ефикасен лек за чистење на џигерот, против болестите на бубрезите и ноќното потење, а најчесто се препорачува за одржување на здравјето на забите. Жалфијата се користи за подобра концентрација и подобро помнење, а се смета дека придонесува за долговечност.

И научните истражувања докажале лековитоста на жалфијата. Докторите и фармацефтите ја препорачуваат против пореметувањето во варењето и за спречување на прекомерното потење, проти воспаление на слузокожата на грлото и устата. Нејзиното естрогенско делување може позитивно да делува во регулирањето на менструалниот циклус, ги намалува болните менструации и го намалува лачење на млеко кај доилките кои сакаат да прекинат со доење.

Сепак и поред овие лековити својства, жалфија не им се препорачува на бремените жени и епилептичари па затоа се препорачува консултација со фармацефт или доктор.

Денес, освен за лекување, жалфија се користи и во прехрамбената индустрија, фармацефтска и козметичка индустрија, но и во кулинарството, посебно за подготовка на пикантни јадења.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...