Почетна / Здравје и исхрана / Зелка – омиленото јадење на нашата трпеза

Зелка – омиленото јадење на нашата трпеза

Зелката е омилено јадење на нашите трпези, посебно во кисела форма. Но дали знаете дека зелката е многу делотворен и евтин лек за многу тегоби?

Сто грама сурова зелка содржи дури 42 милиграми витамин Ц. Друштво му прават витамините А и фолна киселина и минералите: магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум и натриум. Постојат повеќе видови на зелка, а најпознати се бела, црвена зелка и кељ. За нај делотворна важи црвената зелка, која е и до седум пати повеќе лековита од белата зелка, а незината боја укажува на присутност на антицијанини.

Зелка, евтин лек за многу тегоби

Најдобро е зелката да се јади во сурова состојба или малку варена. За лекување се користи не прскана домашна или еколошка одгледувана зелка. Суровата зелка, доколку често се јади, помага кај слабокрвноста, несоницата, депресијата и анксиозноста.

Варената зелка е одлично средство за пролетна детоксикација и едно од најдобрите средства против нервната напнатост, нервозата, слабоста и слабата концентрација.Зелката обилува со антиканцерогена состојка синигрин, која го поседува единственото својство против рак на простатата, цревата и бешиката.

Одлична е против разни воспаленија, па помага кај артритис и реума. Кај белодробните заболувања делотворен е сокот од зелка измешан со мед. Овој сок ги чисти дишните патишта, помага кај астма и бронхитис. Кај болести на грлото се препорачува плакнењето на грлото со сок од зелка.

Лековитото делување на зелката:

  • Делува против ракот
  • Помага во намалување на телесната тежина
  • Го забрзува метаболизмот
  • Има анти воспалителни својства
  • Лекува чир на желудникот и дванаестопалачното црево
  • Зајакнува имунитет
  • Го чисти организмот од токсини
  • Ја намалува депресијата
  • Подобрува концентрација
  • Помага кај болестите на дишните патишта

Сок од зелка против чир на желудникот

Позната е примената на зелката против чирот на желудникот. Тоа може да се заблагодари на состојката сулфорафан, кој елиминира H. Pylori и воедно го брани гастроинтестестинални тракт од рефлуксот на киселините.

Содржи и глутамин, кој е важен за здравјето на желудникот. Истражувањата покажале дека е тоа подобро средство против чирот од стандардните антациди.

Дека сокот навистина помага во лекувањето на чирот покажал и експериментот на проф. Др. Granett Cheyney од медицинскиот факултет Стенфорд во САД. Тој утврдил дека 2,5 децилитри сок од зелка дневно ја намалува болката и го лекува чирот на желудникот и дванаесетопалачното црево побрзо и поефикасно од стандардните третмани.

Од 55 пациенти кои во тој експеримент го имаат консумирано сокот од зелката, 95% се чувствувале подобро веќе за два до пет дена. Изрендајте половина килограм зелка, посолете и додадете сок од еден лимон, оставете да поседи, па процедете го.

Секогаш консумирајте свежо подготвен сок. Во целта на лекување земајте три до четири чаши сок од зелка дневно, половина час пред јадење. Сок од зелка можете да употребувате и за надворешна нега на косата. Сокот ќе ја направи косата појака, ќе го стопира незиното опаѓање и ќе го поттикни растењето.

Облоги од зелка

Облогите од зелка се старо народно средство за лекување на различни тегоби. Може да се каже дека што и да Ве мачи – на тоа место ставете лист од зелка.

Зелката силно делува и го извлекува гнојот од раните и ги дезинфикува, па често се користи кај проблематични рани кои бавно зацелуваат.

Отстранете ја од листот на зелката тврдата жила. Ставете лисја во повеќе слоеви на болното место и со завој лесно прицврстете ги лисјата да седат на место. Облогата се менува три пати дневно. Кај рани кои гнојат и тешко зацелуваат, при менувањето на облогите задолжително се дезинфицира раната.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...