Почетна / Здравје и исхрана / Зелениот фрапе за добро утро!

Зелениот фрапе за добро утро!

За многу луѓе утрото е во главно стресно – рано станување, брзање на работа, подготовка на децата за училиште или градинка … И уште треба да подгответе утрински појадок – лесен и по можност здрав. Наутро тоа ќе ви се чини како невозможна мисија. Затоа Ви препорачуваме здрав зелен сок или зелен фрапе кој е:

– Вкусен и лесен
– Полн со витамини, минерали и влакна
– Брзо се подготвува
– Можат да го пијат сите членови на семејството
– Го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите
– Дава потребна енергија и освежува
– Поттикнува природно слабеење
– Го подобрува расположението
– Му ги дава на телото сите потребни нутриенти
– Ја нормализира пробавата
– Го подобрува помнењето, бистрината на умот и концентрацијата

Состав: 

1 банана
300 милилитри вода
100 грама шумското овошје по Ваш избор (свежо или замрзнато)
2-3 лисја спанаќ
1 лажица жолт шеќер

Сите состојки ставете ги во блендер и миксирајте 2 до 3 минути. Сокот испијте го веднаш со мали голтки. Ова количество на сок е доволен за 1 појадок за една личност.

Шумското овошје можете да го замените со било кое друго овошје, а спанакот можете да го замените со зелена салата или со некој друг зелен зеленчук.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...