Почетна / Совети за здравје / Зеленчукот го забавува стареењето

Зеленчукот го забавува стареењето

Во војната против секојдневниот стрес и се поголемиот број на нови заболувања потребно е да го заштитиме нашиот организам, а во тоа можат да ни помогнат антиоксидансите. Ги има во овошјето и зеленчукот, но и во витаминските апчиња, а докторите препорачуваат нивното редовно консумирање, посебно по педесеттата година на животот.

Антиоксидансите се главните заштитници на клетките од оксидативното делување на слободните радикали кои штетно делуваат на нашиот организам. Слободните радикали настануваат во организмот под влијание на надворешните фактори. Тие се врзуваат за липидите, јаглените хидрати, белковините или за генетскиот материјал, што доведува до верижна реакција и различни оштетувања. Антиоксидансите ги има најмногу во витамините Ц, Е, А, бета каротен, ликопен. Тука се и минералите, како што се селенот и цинкот.

Еве што секојдневно би требале да консумирате за да го заштитите и зајакнете организмот:

Витамин Ц – цитрусното овошје, киви, магдонос, зелка, броколи

Витамин Е – масло од пченкарните клици, ореви, семки, билните масла, жолчката, зелениот зеленчук.

Витамин А – рибиното масло, морковот, темно зелен и жолт зеленчук

Бета каротен – морковот, дињата, крушата, јаболката, спанаќот

Ликопен – на првото место домат, а го има и во лубеницата и црвениот грејпфрут.

Селен – храната која е богата со протеини е воедно и многу богата со селен (плодовите од морето, рибата, најмногу туната, телешкиот џигер, јајцата, црвеното месо и житарките, одредени видови на минерални води).

Цинк – во големи количини се наоѓа во остригите а помалку во месото, јатките, гравот, грашокот, боранијата.

Постојат и голем број на препарати врз база на витамини и минерали кои можете да ги најдете во аптеките.

Доколку во исхраната доволно се застапени антиоксиданси, можеме да кажеме дека успешно се бориме со слободните радикали. Поради тоа е важно да јадете пет до седум порции овошје и зеленчук во текот на денот. Можете и да пиете зелен чај со мед и прополис.

Антиоксидансите се многу корисни и во војната против стресот. Доколку сте уморни или имате лоша концентрација, наместо чоколадо или кафе изедете салата или овошје. По своите корисни својства најмногу се издвојува бадемот. Антиоксидансите го забавуваат и стареењето, го намалуваат холестеролот, го намалуваат ризикот од артериосклероза, ефикасни се и во лекувањето на неплодноста, штитат од кардиоваскуларните и малигните заболувања.

 

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...