Почетна / Здравје и исхрана / Зелената салата е рудник на здравјето

Зелената салата е рудник на здравјето

Зелената салата е природно средство против несоница, притоа содржи умерено количество на горчина и лимонска киселина, која го потобрува апетитот и пробавата. Богата е со витамини и минерали и лесно се подготвува. Современите научници се согласуваат со големиот Гален: салатата е природно и потполно не шкодливо средство против несоница.

Зелената салата е вистинска мала зелена аптека. Богата е со минерали – калиум кој го зајакнува имунитетот и благотворно делува на нервите, бубрезите и срцето, обилува со калциум кој делува против воспалително и од непроценлива важност за коските, мускулите, нервите, богата е со натриум кој е задолжен за регулација на водата во организмот и создавање на солната киселина во желудникот.

Содржи големо количество на витамин Ц кој го штити организмот од настинка, грип и мозочен удар, а високиот  ниво на ова супстанца во крвта ја превенира појавувањето на дијабетес тип 2, но и хипертензија бидејќи потикнува создавање на нитрит-оксид, материја која ги отвара крвните садови. Во салатата го има и витаминот Е (силен природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување и канцерогени процеси), додека витамините А и Б2 се корисни за очите, кожата и половите жлезди, поради што некои ги нарекуваат и ″витамините на убавината″.

Поред тоа содржи и фолна киселина, фосфор, железо, магнзиум, бакар, манган и цинк елементи кои се неопходни за добро функционирање на мускулите и здравата кожа. Во млечниот сок од зелената салата се наоѓа вредната состојка лактукаријум кој најмногу го има во коренот на листот или во срцето на зелената салата. Делува како благ аналгетик – ги намалува болките, ги смирува нервите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...