Почетна / Здравје и исхрана / ЗЕЛЕНА САЛАТА ( Lactuca sativa ) – РИЗНИЦА НА ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

ЗЕЛЕНА САЛАТА ( Lactuca sativa ) – РИЗНИЦА НА ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ

Уште старите Грци и Римјани знаеле за драгоцени цвојства на зелената салата. Хипократ таткото на медицината и припишувал силни лековити својства.Во старата Персија зелената салата била ценета како храна која обезбедува мирен сон.

Зелена салата е богата со минерали, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бакар. Има ниска енергетска вредност, содржи доста вода, а значаен е извор на фолна киселина и антиоксиданси. Исто така содржи витамини од Б групата (Б1, Б2, Б6 …), содржи доста влакна, малу протеини и масти, содржи ензими и значаен хлорофил. Значаен е фактот дека зелена салата е богата со витамини Ц и К кои помагаат во спречување на стареење на клетките.

Консумирање на зелена салата им се препорачува на личностите кои се заболени од Алцхајмерова болест, бидејќи го запира оштетувањето на неуроните во мозокот.

Листовите содржат фитонутриенти кои позитивно влиаат на здравјето, чувајки не од многубројни заболувања. Кога е во прашање зелена салата витамините се застапени во висок процент и ги има во изобилство.

Консумирање на зелената им се препорачува на дијабетичарите, луѓе кои патат од срцеви заболувања и луге кои имаат заболени бубрези, а помага и во лекувањето на гихт. Посебно позитивен ефект на зелената салата е забележена кај пушачите. Докторите се уверени дека вегетеријански јадења со зелена салата не само да го намалуваат ризикот од настанување на тумори, туку и се намалува штетното влиание на загадениот воздух и алергената прашина. Најдобрата заштита на белите дробови се постигнува со комбинација на зелена салата и умерена физичка активност.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...