Почетна / Диети / Зелена диета

Зелена диета

Ова диета е добра за намалување на килограмите, но и за детоксикација, затоа што е богата со диетални влакна кои го забрзуваат метаболизмот и дополнително го регулира зголемениот холестерол.

Освен тоа, богата е со витамини и минерали кои се неопходни за посилен имунитет, како и за одржување на кисело базна рамнотежа на организмот.

Основната храна која се користи во зелената диета е зеленчукот, овошјето, житарките, компирот, посното сирење и млекото. Мешунките како што е гравот, леќата и сојата ретко се внесуваат, а месото, пилешкото месо, јајцата и рибите, односно протеините се забранети. Намаленото внесување на протеини во оваа диета е проблем за целокупното здравје на организмот.

Кај ова диета, денот најдобро е да се започне со овошје и тоа во облик на исцеден сок без додаток на шеќер. За утринскиот појадок изберете овошје по Ваш избор или овошна салата.

Овошната салата е одличен избор и за меѓу оброк, а да таа биде уште повкусна можете дополнително да ја зачинете со цимет, нане или мускатно оревче.

Во овошната салата можете да додадете малку мед ( половина лажица ), нерафиниран кафеав шеќер или засладувачи. Во текот на претпладне би требало да внесувате само овошје.

Во ова диета се препорачува внесување на житарки, посебно рж, просо, пченка, хељда. Секако водете сметка да станува збор за интегрални житарки (кај нив се задржува надворешна обвивка кој содржи Б витамин, минерали и диетални влакна).

Житарките ни дават најмногу енергија, како и компирот кој е пожелно да се консумира. Компирот секогаш се консумира варен и се препорачува да се комбинира во салатите и други јадења.

Ручекот, односно главниот оброк во денот, најдобро е да се започне со сок од свеж зеленчук. Задолжително во склопот на ручекот треба да се најде интегрален ориз или компир. Можете да ги комбинирате со зеленчукот во неограничени количини. За подготовката користете само вода без масло или било какви други маснотии.

Секој ден, уз ручек јадете салата со разновиден зеленчук по ваш избор. Вкусната комбинација ја прават зелената салата, краставицата, морковот, зелката. Сето ова можете да надополните со тост или парче интегрален леб. Вечерата исто така започнете ја со свеж сок од зеленчук.

За вечера се подготвува свежа салата од разновиден зеленчук. Изборот на зеленчукот не е строго одредени туку правењето на салатата и изборот на зеленчукот уз главното јадење е оставено Вие да изберете. Маслата скоро и да не се користат.

Не заборавајте ја важноста на секојдневното консумирање на свежото овошје. Многу е здраво шумското овошје како што е малина, капинка, боровинка, рибизла, а освен ова овошје јадете уште јаболко, круши, портокал, лимон, мандарина, киви, черешни, вишни, грозје…

Како што погоре спомнавме, овошјето би требало да се внесува свежо и во облик на цедени сокови, без додаток на шеќер. Секогаш е најдобро и најлесно да се консумира овошје и зеленчук кое добро успева во Вашето поднебје, меѓутоа можете да консумирате и егзотичното овошје (како што се манго, ананас, авокадо, папаја …) кое е обично поскапо од другите овошја.

Со банананите бидете внимателни, затоа што содржат вишок на скроб, повеќе енергија и калории од останатото овошје. Можете да ги консумирате но во умерени количини.

Овошјето во принцип се јади само, со што временската пауза помеѓу овошјето и некој друг оброк би требало да помини минимум половина час.

Млекото и млечните производи со помалку маснотии (јогурт, кисело млеко, кефир) исто така внесувајте го посебно како посебен оброк.

Понекогаш оброкот може да се надополни со свежо сирење или со некој друг вид на посно сирење. Сето ова е добро да се консумира со зеленчук, најдобро во облик на салата.

Пример на мени

На празен стомак: Една чаша свежо исцеден овошен сок.

Утрински појадок: овошна салата со половина лажица мед.

Ручек: една чаша сок од домат, супа со морков, тиквички и интегрален ориз, тост кој е намачкан со свежо сирење, салата од свежа зелка.

Меѓу оброк: еден јогурт

Вечера: една чаша сок од морков, шопска салата.

Зелената диета е пред се наменета за детоксикација на организмот каде како последица се случува намалување на килограмите. Во диетата недостига адекватно внесување на протеини, дури ни мешунките (соја, леќа, грав) не се застапени иако се од билното потекло. Намаленото внесување на протеините може да предизвика недостиг на протеини и слабеењето на имунолошкиот систем.

Диетата е богата со диетални влакна кои го забрзуваат процесот на детоксикација и го намалува високиот холестерол.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...