Почетна / Совети за здравје / ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК – МАЛКУ КАЛОРИИ, МНОГУ ЗДРАВЈЕ

ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК – МАЛКУ КАЛОРИИ, МНОГУ ЗДРАВЈЕ

Зелен  зеленчук содржи витамини и минерали кои се потребни за нормално функционирање на организмот, како што е железо, фолна киселина, магнезиум, аминокиселини, сумпорни компоненти, омега 3 масни киселини итн.

Во пролет најмногу се консумираат краставиците, зелката, спанаќот, тиквичките, брокулата … Нека овој зеленчук преставува основа во Вашата исхрана, и ќе бидете витални и здрави.

Зелена е боја на пролетта и затоа треба да ни биде на располагање зелен зеленчук. Овој зеленчук е сиромашен со калории, но е богато со нутриенти, вклучувајќи ги и влакната, витамини Ц и Б12, содржат лутеин – силен антиоксидант кој ги штитат очите од дегенерација.

Калциум од зелениот зеленчук е важан за регулација на артерискиот притисок и цврстина на коските, а магнезиум и калиум заедно со калциумот ја одржуваат рамнотежата на течностите во организмот. Доколку сакате да го подобрите имунитетот, секојдневно треба да јадете појадоци кои содржат зелен зелнчук, посебно зелка.

Доколку сакате да го зајакнете имунитетот, секојдневно треба да јадете појадоци со зелен зеленчук, а на прво место нека Ви биде зелка.

Зелката е една од најхранливите видови на зеленчук. Одличен е извор на бета-каротен, витамин Ц и Е, калиум, калциум и манган. Може да се комбинира во манџите но е извонредна како салата.

Спанаќот е богат извор на витамини и минерали, посебно витамин А, кој е значаен за кардиоваскуларен систем и содржи витамин К, кој е важен за коските. Во спанаќот има 13 флавоноиди – силни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот борејќи се против слободните радикали.

Брокулата  е извонредно лековит зеленчук. Многубројните истражувања докажале дека сопстанцата сулфорафан која се наоѓа во брокулата ја потикнува синтезата на белковини, кои ги штитат клетките од рак. Сулфорафан има антиканцерогено, антидијабетичко и антимикробно делување.

Краставица и сок од краставица помагаат во регулацијата на шеќерот во крвтта, па е затоа благотворен за дијабетичари. Краставицата ги лекува и зајакнува забите, ноктите и го потикнува растењето на косата. Краставицата е зеленчук кој содржи 95% вода, но исто така е богата со минерали, природна сол, ензими, витамини и антиоксиданси. Калиум и манган кои се наоѓаат во овој зеленчук помагаат во регулација на крвниот притисок, а влакната го совладуваат чувството на глад.

Тиквичката содржи бета каротен, а многубројните истражувања потврдуваат дека храна која е богата со бета каротен го намалува ризикот од канцрогени заболувања и од болести на коронарните артерии. Витаминот Ц кој се наоѓа во тиквичките го штити организмот од ракот и срцевите заболувања и му помага на телото во војната против вирусните инфекции, додека калиум го одржува балансот на телесните течности, нормален крвен притисок и работењето на срцето.

 

Проверете и

10 неочекувани причини да пиете повеќе вода

Со празниците зад нас и здравите навики во нашите умови, многумина се уште тагуваат за ...