Почетна / Здравје и исхрана / Здравствени ризици од изгореници од сонце

Здравствени ризици од изгореници од сонце

Изгорениците од сонце претставуваат оштетувања на кожата предизвикани од ултравиолетовите зраци на сонцето(UV) . Сончаницата предизвикува појава на црвенила на кожата, топлина, болки и поголема сензитивност на допир, на облека или повторна изложеност на сонце.  

6360287669428077671659464984_istock_sunburn

Кожата по една недела започнува да чеша, и сосема нормално е да започне да се лупи по неколку дена. процесот на оздравување на кожата трае до една недела.
Сончаницата иако е кратка и по една недела незините дејства се елиминираат сами по себе, многу е битно да ја избегнувате затоа што при секое повторување на сончаница вие ги зголемувате вашите шанси за здобивање на здравствени проблеми во понатамошниот тек од животот.
Секој еден човек изложен на UV зраци се наоѓа во ризик да се здобие со изгореници, но некои луѓе се поосетливи за разлика од другите.

Melonama
Кога треба да водите поголема грижа од појава на сончаница?

  • доколку имате бледа, побела или светло кафеава кожа
  • имате црвенкаста коса и пеги
  • имате тенденција да горите наместо да добивате тен
  • имате бенки по телото
  • имате проблеми со кожата предизвикани поради одредена здравствена состојба
  • сте изложени на интензивна сончева светлина (за време на одмор и сл.)
  • се наоѓате во држава или место каде теемпературите се значително повисоки
  • имате здравствена историја за појава на рак на кожата

Луѓето изложени на сонце подолго без разлика дали тоа е поради работни обврски или забава имаат зголемен ризик од појава на рак на кожата па затоа и потребно е да имаат зголемена претпазливост и заштита од ова влијание.
Последиците од изгорениците можат да имаат ккраткотрајни ефекти како алергии на сонце, појава на шаренило на лицето, изгореници, како и олготрајни ефекти,.

Долготрајните штетни ефекти од влијанието на сонцето вклучуваат:

  • канцер – меланомен и немеланомен тип
  • актичнична сончева кератоза – груба и лушпести дамки на кожата
  • проблеми со видот – протокератитит (слепило на снег и катаракта)
  • предвремено стареење на кожата
  • појава на брчки

    Превенција на изгореници од сонце
    Кожата е потребно да биде заштитена од силна сончева светлина преку незино покривање со соодветна светла облека , подолг престој под сенка и константна секојдневна употреба на лосион за сончање со висок заштитен фактор.

    Кај нас можноста за добивање на изгореници е највисока во периодот од мај до крајот на август од 11- 17 часот. Без разлика дали е лето или зима можноста за појава на изгореница е поддеднакво иста доколку јачината на UV зраците е висока.

    Соодветна облека:

    • светлата лесна памучна облека ги одбива сончевите зраци
    • капа со сенка
    • блуза со долги ракави
    • очила за сонце со заштитен филтер

    Крем за заштита од сонце:

    Кога купувате крема со заштитен фактор најважно е да погледнете дали е соодветна за вашата кожа и дали блокира ултравиолетови зраци А  (UVA) и ултравиолетови B (UVB) зраци односно зрачење.

    На ознаката од кремата потребно е да пишува:

    • ознаката “UVA заштита” чие лого се наоѓа означено во тркалце со најмалку 4 звездички над заштитата од  UVA , (минимумот за заштита е 4, па заттоа барајте и повисоки)
    • SPF15 најмалку или најмногу 50 против заштита од UVB зрачењето

    Повеќето луѓе не нанесуваат доволно крема за заштита од сонце. Соодветна количина е 35 мл по сончање или 6-8 лажици крема.
    Колку потенок е слојот на нанесена крема врз кожата толку и помала е заштитата. Доколку сметате дека не сте нанеле доволно крема со  SPF15, потребно е да користите горен слој со SPF30 заштитен фактор. .

    Доколку стравувате од изгореници потребно е да нанесувате крема минимум 2 пати дневно
    – 30 минути пред да излезете од својот дом

  • 3о минути пред да излезете од својот дом
  • веднаш штом почувствувате дека кожата не ви е доволно хидрирана
    Доколку сте на одмор нанесувајте 30 минути пред да влезете во вода и било кога и да почувствувате дека топлината ви ја исушила кожата.

    Колку од надвор толку е битна и грижата одвнатре за вашата кожа за време на изложеноста на сонце. Поради последиците кои може да ги предизвика експонираноста на силна сончева светлина, многу е битно да се консумира и соодветна храна и суплементи кои максимално би ја заштитиле кожата и би и и ја одржале незината еластичност и виталност, а воедно и виталноста на целиот организам.

    Каретеноидите се одлични антиоксиданси кои максимално ја штитат вашата кожа и вашиот организам од штетното UV зрачење. Каротеноиди се фамилија на околу 700 масно-растворливи молекули кои се произведуваат само од фитопланктоните, алгите, растенијата и ограничен број на габи и бактерии. Бета каротенот од морковот е сигурно најпознат каротеноид.
    Grilled salmon and vegetables
    Што треба да се јаде за заштита од штетното влијание на зраците?
    Моркови, лосос, кајсии, ракчиња…
    Поради малата концентрација на овој антиоксиданс во храната препорачливо е да се консумира како додаток во исхраната.
    13466498_10153668096588862_5098292364641858581_n

    За максимална заштита ви го препорачуваме BioAstin
    – природен астаксантин е најпродаваниот светски бренд на астаксантин за човечка исхрана. Тоа е додаток во исхраната со моќни антиоксидантни ефекти. BioAstin-от се произведува од алга од најголемиот производител на микро алги во светот – Cyanotech Corporation. BioAstin-от е првиот извор на астаксантин за човечка исхрана одобрен од FDA.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...