Почетна / Совети за здравје / ЗДРАВО СОНЧАЊЕ – Храна за блескав тен

ЗДРАВО СОНЧАЊЕ – Храна за блескав тен

Што мислете, дали со внесувањето на доволно количество на одредено овошје и зеленчук може на Вашата кожа да и даде истиот златен сјај кои би го добиле со сончањето во солариум или на плажа? Стручњаците потврдуваат дека може ….

Бидејќи медицинските лица се погласно предупредуваат дека треба да го избегнуваме солариумот и претераното изложување на сончевите зраци, еве неколку совети како безопасно да добиете и одржите совршен темен тен со помош на намрници кои ни се достапни на пазарот. Со консумирање на пет појадоци на зелени и портокалови плодови во текот на денот, благодарение на нутриентите кои се викаат каротеноиди можете во рокот од месец дена да добиете сосема пристојна боја.

Навистина се чини малку чудно и самите не сте сигурни дали треба да поверувате дека нешто ќе постигнете со потемнување со помош на кајсиите, морковот, дињата и останатите обоени плодови, посебно не бронзен тен за кои сите мечтаеме. Меѓутоа, доколку ова се спореди со ризикот од добивање на опасен канцер на кожата, сигурно е дека треба да се проба.

Истражувањата покажаа, дека кога на испитаниците им биле  покажувани фотографии на жени кои биле премногу сончани, наспротив на оние жени на кои кожата им блескала од здравје поради консумација на овие намирници, тие ги избрале вторите.  Еве уште една причина да прекинете прекумерно да се пржите на сонцето или да одолеете на искушението да заминете на солариум, бидејќи секако дека балансираната исхрана ќе влијае на убавината на Вашата кожата.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...