Почетна / Диети / Здраво и лесно: За 10 дена 5 килограми помалку!

Здраво и лесно: За 10 дена 5 килограми помалку!

Ова не е една од брзите диети, од кои дополнително ќе Ви ослаби имунитетот, токму спротивно, таа нема никакви несакани ефекти, освен од посакуваната – намалување на килограмите!

Доколку е потребно да во брз временски период ги намалите килограмите, а сепак ја преферирате здравата исхрана и не ги сакате ригорозните и брзи диети после кои Вашиот организам се исцрпува или се јавува јо-јо ефект, ова е вистинска диета за Вас! Често жените во текот на нездравата диета чувствуваат вртоглавица, главоболка, депресивни се, кожата брзо се суши… Но диетата која ние Ви ја предлагаме е поинаква, а со самото тоа не делува лошо на Вашата психофизичка состојба и придонесува до брзото топење на килограмите!

Како да направите план за диета

Значи, диетата трае 10 дена и ни ден повеќе. Она што е најдобро, е тоа дека Вие самите ќе го направете планот на оброците и ќе ги прилагодите на Вашите желби и потреби. Исто така, важно е да во текот на диетата вежбате, затоа што без физичката активност нема да има резултати. Јадете го различното свежо овошје, затоа што секое од тоа овошје содржи одредени состојки кои им се потребни на Вашиот организам за нормалното функционирање. Истото тоа важи и за зеленчукот кој е подготвен на здрав и едноставен начин. Некои видови на овошје се добри антиоксиданси, другите се добри поради влакната, третите поради витамините и минералите. Некој зеленчук ќе Ви помогне во намалувањето на килограмите, а некои витамини ќе ви помогнат да Вашата кожа го врати стариот сјај.

Јадете го зеленчукот како што е морковот, зелената салата, доматот … Можете да подгответе и лесна супа од зеленчук. Што се однесува до овошјето, јадете манго, а за ова диета најдобро овошје е папаја, јаболко, портокал, јаготки, малини, грејпфрут. Овие овошја не само дека ќе Ви помогнат во согорувањето на маснотиите, туку од нив ќе добиете потребни витамини. Наместо овошје и зеленчук можете да изедете јогурт со природни мусли. Но, 10 дена морате да заборавете на леб, месо, сирење, тестенини, благи работи и слична храна.

Број на појадоците

Тоа што овошјето ќе Ви помогне во намалувањето на килограмите, не значи дека можете да го јадете секој сат во неограничени количества. Во текот на денот морате да имате четири главни јадења – утрински појадок, ручек, ужина и вечера. За секој оброк изедете една шолја од 2 децилитри свеж зеленчук и една шолја овошје. Како што и претходно потенциравме, можете да јадете лесни супи, можете да изедете вкусна мешана салата од зеленчук. Зачинете ја лесно салатата на пример со лимон. Никако не користете преливи за салата, затоа што тие не се диетални. Нека порциите од овошје и зеленчук бидат изедначени. Значи за секој оброк морате да внесете идентично количество на овошје и зеленчук во организмот.

Вежбањето

Да, би требало да вежбате! Самата диетата не може да Ви помогне во намалувањето на килограмите, затоа што единствено со вежбањето ќе ги намалите маснотиите. Доколку не сакате теретана, аеробик, фитнес, можете да вежбате и во вашиот дом, бесплатно!

Важно е добро да се испотите, било со трчањето, со брзото одење или со возењето на велосипед. Доколку е можно вежбајте секој ден по еден час, или барем секој втор ден. Доколку не сте ниту малку во форма, нека вежбите за почеток бидат едноставни.

План на оброците

Еве еден пример на планот за оброците во текот на десет дневна диета. Секако дека Вие ќе ја прилагодите диетата на себеси и на Вашите афинитети, и се подразбира секој ден можете различно да комбинирате.

Утрински појадок:

1 шолја исечкано овошје

1 шолја сок од домат или една чаша јогурт

Ручек:

1 шолја супа од зеленчук или една порција зелена салата

1 шолја исечкано овошје

Ужина:

1 шолја исечкано овошје

Вечера:

Салата од зеленчук- на пример краставица, морков, зелка, брокула, домат, зелена салата.

1 шолја супа од спанаќ

1 шолја исечкано овошје

Пијте што е можно повеќе вода, а што е можно помалку сокови, кафе или алкохол. Обидете се да јадете секој ден во исто време, и вечерајте што е можно порано. Доколку почувствувате глад помеѓу оброците, не се мачите, изедете една јаболка. Исто така, доколку почувствувате било каква слабост во организмот, што не би требало да се случи, зголемете ги оброците за третина или прекинете со диетата.

 

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...