Почетна / Здравје и исхрана / Здравјето во боите

Здравјето во боите

Комбинацијата на овошје и зеленчук е битно за здравјето на човечкиот организам. Поради делотворните состојки, разнобојното овошје и зеленчук ќе Ви помогнат да го подобрите имунитетот, а исто така служат како превенција за многу заболувања. Комбинирајте ги во исхраната за да бидете здрави и полни со енергија. Шест бои дневно на трпезата е непогрешив пат кон здрав живот, затоа што пигментите кои го обојуваат растителниот свет се многу важни за организмот.

Еве го списокот на бои кои би требало да применувате во исхраната:

Црвена – овошјето и зеленчукот кои имаат црвена боја содржат ликопен и антиционин , антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од гастроинтестинални тумори и го штитат епителното ткиво. Намирниците со црвена бија посебно доматот, содржат состојка за кои студиите покажале дека штитат од рак на матката, градата и дробовите.Каротеноидите во јагодите, црешите и доматите ги чуваат срцето, очите и клетките од предвремено стареење. Драгоцените извори се: доматот, црвената пиперка, јагоди, малини.

Жолта – жолта боја во овошјето и зеленчукот значи дека во нив има многу флавоноиди, кои се пресудни за одржување на нивото на холестеролот во крвта. Исто така имаат влијание на желудникот и цревата. Тука спаѓаат: жолта пиперка, праска, манго, круши, банани ,цитрусното овошје( лимон, грејфрут, портокал, мандарини )  кои му помагаат на Вашето тело да го согори вишокот на килограмите, но исто така да се забрза метаболизмот.

Зелена – е пигмент кој на растенијата им ја дава зелената бија и учествува во фотосинтезата без која не би постоел животот на Земјата. Овој  пигмент обилува со хлорофил и сапонини. Сапонините го намалуваат зголемениот холестерол, го активираат имунолошкиот систем, смируваат воспаление, ги уништуваат штетните бактерии, додека хлорофилот му овозможува на мозокот подобро да го апсорбира и да го користи кислородот. Сулфоранот кој се наоѓа во брокулата му помага на организмот да се брани од сите врсти на рак, афитохемиската супстанца која се вика лутеин, која се наоѓа во зелената салата штити од очните заболувања. Драгоцените извори се: брокула, спанаќ, прокељ, киви.

Портокалова – една порција на морков и на диња Ви ги обезбедува дневните дози на бета каротен и на неговиот антиканцероген роднина алфа каротен.

Сина и виолетова – обилува со полифеноли. Овие материи делуваат како антибиотик, па затоа се корисни бидејќи ги сопираат воспаленијата, штитат од инфекции и го зајакнуваат срцето. Драгоцени извори се: црното грозје, плавиот патлиџан, вишни, капинки, црна рибизла.

Бела – внесување на бели плодови ( кромид, лук, карфиол, целер, печурки ) овозможува контрола на крвниот притисок, зајакнување на коските и белите дробови и стимулирање на диурезата. Главна состојка е кверцетинот, непријател на туморите, меѓутоа важни се и различните фитохемикалии кои исто така го спречуваат стареењето.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...