Почетна / Здравје и исхрана / Здравје во чаша – сок од свежо цедено овошје

Здравје во чаша – сок од свежо цедено овошје

Свежо цедените сокови од овошје се најдобар извор на витамини и хранливи материи кои го чистат организмот, даваат енергија и регенерираат. Го снабдуваат организмот со потребните ензими, минерали и други материи потребни за зголемувањето на виталноста на организмот.

Јаболко – сокот од јаболко го чисти организмот, тој благопријатно делува на цел систем. Богат е со витамини А и Ц. Овој сок можете да го помешате и со други сокови. За да го спречите потемнување на јаболкото, пред да го цедите попрскајте го со сок од лимон.

Грејпфрут – има пет пати повеќе витамин Ц од портокалот. Силно средство за чистење на организмот. Црвениот грејпфрут е поблаг и помалку кисел. Некои луѓе подобро го поднесуваат грејпфрутот од портокалот. Овој сок е богат со биофлавоноиди. Не заборавајте дека сите сокови од јужното овошје треба да ги испиете веднаш по цедењето, бидејќи витаминот Ц се губи после долго седење.

Круша – сокот од круша е густ и благ, а можеме и да го измешаме со сокот од јаболко. Богат е со тиамин, рибофлавин,нијацин, фолна киселина која поволно делува на кардиоваскуларниот систем. Исто така е добар извор на витамин Ц, калциум, калиум, фосфор.

Грозје – Постојат помеѓу 40 и 50 различни врсти на грозје во различни нијанси, зелено, бело, црвено и пурпурно. Грозјето е богато со калиум кој воспоставува алкална рамнотежа во крвта и ја стимулира работата на бубрезите и срцето. Моќта на грозјето е голема, ги чисти дробовите и го ослободува организмот од мочната киселина.

Лимон – поради богаството на биофлавоноиди, лимонот е одличен за детоксикација на организмот. Сокот од лимон овозможува исфрлување на токсините од организмот. Сокот од лимон најдобро нè освежува во текот на летото, а во текот на зимата нè штити од настинка.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...