Почетна / Совети за здравје / ЗДРАВЈЕ ОД ПРИРОДАТА – ЛЕКОВИТИ И ЗДРАВИ ЕСЕНСКИ ПЛОДОВИ

ЗДРАВЈЕ ОД ПРИРОДАТА – ЛЕКОВИТИ И ЗДРАВИ ЕСЕНСКИ ПЛОДОВИ

Есента обилува со здрави сезонски плодови од природата, кои не само што се ужитак за непцата туку се и лек за организмот во студените денови. Доколку ги немате моментално во Вашиот дом задолжително прошетајте до најблискиот пазар и сигурно ќе ги најдете.

Јаболко

Благи или кисели, јаболката се јаде сурова, но се одлични и печени како додаток во јадењата. Доколку се органски одгледувани добро е да ја јадете и кората која содржи флавоноиди. Флавоноидите се една од најбројните групи на хетероциклични врски со кислородот. Јаболкото е полно со антиоксиданси. Во една јаболка се наоѓа повеќе од 4 грама влакна. Во многу култури се смета за кралица на животот. Луѓе кои јадат јаболко подобро ќе спијат, ке ја подобрат пробавата и ќе го регулираат крвниот притисок. Јаболкото позитивно влиае на мигрената, главоболката, вртоглавица, хроничен умор…

Карфиол

Карфиол е идеален во студените денови кога може да се подготвува како прилог и додаток во јадењата. Одлично се подготвува на пареа, но исто така може да се испасира како пире или да се подготви како крем супа. Карфиолот обилува со материи кои го спречуваат ракот, а фитонутриенти можат да го намалат холестеролот затоа што е одличен извор на витамин Ц. Истражувањата покажуваат дека консумацијата на карфиол го намалува ризик од карцином на белите дробови..

Круши

Со благ и сочен вкус, крушите можете да ги јадете сурови, да ги печете или да ги похувате. Ова овошје познато е како добар извор на витамин Ц, бакар и влакна. Делотворноста на крушата е повеќекратна. Оние луѓе кои јадат круши ќе го забават стареењето и ќе го намалат ризикот од мозочниот удар. Крушите штитат од дијабетес го подобруваат работењето на срцето, го отстрануваат уморот, ја намалуваат кашлицата и  корисни се при лекувањето на бронхитис. Одлична се храна за бебиња.

Тиква

Благ вкус и влажна текстура идеални се за подготовка на пити, колачи или пудинг. Тиква обилува со калиум, содржи повеќе од 20% нутритивни влакна и добар е извор на витамин Б. Ова кралица на есента се препорачува на луѓе кои имаат проблеми со прекумерната тежина, но и на заболените од дијабетес, гихт и реуматизам. Од тиква се подготвува маска за проблематична кожа на лицето.

Калинка

Ова овошје е полно со корисни состојки, а најважните меѓу нив се антиоксидантите. Истражувањата докажале дека сок од калинка има поголем степен на антиоксидативни делувања од црвеното вино и се смета дека калинката е најлековито овошје во светот. Позитивно делува на артритис, алцхајмерова болест, симптоми на менопауза и постменопауза. Сок од калинка може да послужи како маринада, а со семки можете да го засилите вкусот на Вашите омилени салати.

Батат или благ компир

Неговото младо лисје и корен се користи во исхраната. Можете да го пржите, да го варите или да го печите, се зависи од Вашиот вкус. Бататот е пол со витамин А, добар е извор на железо, има и анти воспалителни својства. Батат го зајакнува имунолошки систем и заштитува од делувањето на слободните радикали и од некои видови на карциноми. Поради нискиот гликемиски индекс посебно е добар за диабетичари но тоа важи само доколку го варете. Печениот батат има скоро ист гликемиски индекс како и печениот компир.

Репа 

Овој коренасти зеленчук може да послужи како алтернатива за зелката. Нејзините лисја има вкус сличен како вкус на сенф. Едноставно се вари и богата е со хранливи материи. Репата е добар извор на витамин Ц, а нејзините лисја се богати со витамин А, К и фолна киселина. Репа може да му помогне на организмот да ја совлада инфекцијата додека влакната од нејзиниот корен помага во одржувањето на уредната пробава.

Питом костен

Питом костен симболот на златната есен ја чисти крвта и го зајакнува имунитетот му дава на телото многу енергија бидејќи содржи јагленохидрати, белковини, шеќери, маст и целулоза. Можете да го варете или да го печете и да го комбинирате во многу јадења.

Дунка

Она што е битно кај дунката е нејзиното богатство со влакна, посебно со пектини кои позитивно делуваат на пробавниот тракт. Богата е со танини кои и даваат малку горчлив вкус. Благодарение токму на комбинацијата на танини и пектини дунката има својство на силен диуретик. Одлична е како додаток во компотите,соковите а од неа се подготвуваат одлични мармелади.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...