Почетна / Здравје и исхрана / Здрави зачини кои го гасат апетитот

Здрави зачини кои го гасат апетитот

Дали знаевте дека постојат намирници кои можат да согорат масти во вашето тело? Во продолжение проверете ги здравите зачини кои може да го намалат апетитот…

Црвена пиперка

Пикантна црвена пиперка содржи капсаицин, супстанца која го забрзува метаболизмот на телото. Оваа супстанца ја зголемува телесната топлина која ги согорува масните наслаги. овој здрав зачин го контролира апетитот и желбата за солена, блага и мрсна храна.

Лук

Овој здрав зачин го потиснува апетитот со тоа што праќа сигнал на мозокот дека желудникот е полн. Со помош на овој зачин, се осеќате сити и согорувате калории. Тој исто така е добар за луѓето со срцеви болести, затоа што спречува згрутчување на крвта и ја забрзува циркулацијата на крвта.

Чили

Чили е еден од здравите зачини кои го контролираат апетитот така што ќе се осеќате сити. Всушност, чили се смета за зачин кој топи маснотии.

Цимет

Тоа е еден од здравите зачини кои согоруваат масни наслаги во телото, а исто така и го контролираат гладот. Го забрзува метаболизмот, го намалува лошиот холестерол и помага при алергии.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...