Почетна / Рецепти / Здрави рецепти: киноа со печурки

Здрави рецепти: киноа со печурки

Ви презентираме лесно, здраво јадење или предјадење кое ќе сакате да го консумирате во текот на секој следен оброк.

Состојки:
Вегетаријански, без глутен

Потребни состојки:
100 грама свежи печурки
1 чешне лук
1/2 лажица сува мајчина душица
1 шоља киноа
хималајска сол
црн бибер
куркума
маслиново масло
сок од лимон
магдонос

Киноата сварете ја на тивок оган.
Откако ќе ја исцедите киноата, на тивок оган во тавче пропржете на маслиново масло лук и додадете му ги свежите печурки и зачините. За крај додадете малку цеден лимон и ситно исецкан магдонос.
Послужете како додаток или пак главно јадење.
На здравје!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...