Почетна / Диети / Здрави појадоци за одржување на витка линија

Здрави појадоци за одржување на витка линија

Витката линија не се добива преку ноќ, но затоа пак доколку секое утро консумирате соодветен појадок чувството на глад ќе се смали а со тоа и внесените калории во текот на денот. Изреката ‘’појадувај како цар’’ има вистинска смисла кога калориите внесени наутро најбрзо се трошат во текот на денот за разлика од оние внесени навечер кои по завршетокот на сите активности само се акумулираат во телото и бавно се трошат.

Каков тип на појадок ви е потребен доколку сакате да добиете или да го одржувате своето витко тело?

1. Појадок број 1
Јајце со зеленчук

Потребно ви е:
1 лажица маслиново масло
1 рака исецкани свежи печурки (шампињон, буковка)
1 шоља свеж спанаќ
1 лажица доматен сос или половина лажица доматно пире

Се започнува со маслиново масло на кое на средна топлина се пропржува спанаќ и печурки. Се додава јајцето и се подготвува во тава со покриен капак на среден оган.

јајцеее

Појадок број 2
Смути со јогурт и овошје

Иммешајте 1 замрзната банана, 1 грст боровинки или замрзната аронија со лажичка мед и 1 чаша нискомаслен јогурт во блендер
Vitaminski-kokteli

Појадок бр 3
Салата со овошје и киноа

Исецкајте различно овошје и испрскајте врз него лажичка до две киноа
Одличен рецепт со кој ќе се чувтсвувате добро и енергично.
Наша препорака за овошната комбинација : (јагоди, праски, кајсии, неколку исецкани бадеми портокал, ананас и аронија)
IMG_7655-2

Појадок бр.4 
Супа со брокули

Потребни состојки:
– пилешка коцка за супа
– брокула
– морков
– тарана
– магдонос
– лаачика исцеден лимон
– лажичка маслиново масло
– пашканат

Состојките се варат заеднички во тенџере на средна температура околу 25 минути.

Појадок бр.5
Инстант овесна каша

Често немаме доволно време за да се храниме здраво ззатоа што не сме си ги организирале своите оброци на време. измешајте 1 чаша овесни снегулки и комбинирајте ги со свежо или суво овошје во ќесички  со херметичко затворање и оставете ги во фридижер. Одличен оброк се во комбинација со сок или нискомаслен јогурт.
инстант

 

Извор: http://www.womenshealthmag.com/weight-loss/healthy-breakfast-recipes/slide/8

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...