Почетна / Здравје и исхрана / Здрави напивки за брзо освежување

Здрави напивки за брзо освежување

Во текот на летните горештини не наседнувајте премногу на рекламите во кои Ви се наметнува дека единствениот начин на кој во летото можете да се освежите е со испивањето на енергетските и спортските пијалаци. Секогаш можете да се освежите со летните напивки кои можете сами да ги направите дома, а кои се при тоа здрави.

Ви препорачуваме неколку здрави и природни начини да се спротивставите на летните горештини.

Напивка од краставица и мента    

Можеби ова Ви се чини како невообичаена комбинација, но студената вода со неколку парчиња краставици и со мало гранче нане преставува вкусна и освежителна, летна напивка. Можете да го послужите посебно во чаша или да го држите во поголем стаклен бокал и да си турите во чаша кога ќе ја почувствувате жедта.

Пире од диња   

Овој пијалак асоцира на Јамајка бидејќи таму е многу популарно. Неверојатно е освежително и едноставно за приготвување. Дињите се сјаен извор на витамин Ц, а кога наместо цедењето на диња направете пире и ќе ги задржите сите хранливи состојки.

Подготовка: Исечете ја дињата и ставете ја во блендер и направете пире, а потоа во смесата додадете по потреба малку вода. Служете со мраз. (Можете да употребите и лубеница)

Летна напивка од ѓумбир   

Можеби ќе Ви се чини бесмислено кога се во прашање високите температури, но токму зачинетата храна може да ја регулира температурата во телото.

  • 1,5 литар минерална вода1,5 , сок од една лимета, 40 грама ѓумбир, половина лажица исечкано нане, шеќер по избор. Сите овие состојки ставете ги во блендер и а потоа служете ги. Доколку блендерот не Ви ги иситни сите состојки и не Ви се допаѓа текстурата на ѓумбирот и нането, напивката можете ја исцедите, иако е подобро да се консумира се.

Ладен зелен чај со лимон и мента 

Избегнувајте го затоплувањето на кујната, така што чајот ќе го подготвувате на отворено.

За напивката Ви е потребно 15 филтер вреќички зелен чај, 3,5 литри вода, половина лажица исечени листови нане, сок од два лимони и додадете шеќер по желба.

Сите состојки освен сок од лимон и шеќер ставете одеднаш во поголем сад и оставете на сонце 3 до 4 часа во зависност од тоа колку сакате чајот да биде темен. Кога ќе одлучите напивката да биде готова, извадете ги вреќичките чај, додадете сок од лимон и служете ја напивката со мраз, и секако уживајте!

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...