Почетна / Совети за здравје / Здрави намирници кои дебелат

Здрави намирници кои дебелат

Иако се богати со протеини и добри масти, одредени здрави намирници се вистински непријатели за витката линија. Дури и намирниците кои ги препорачуваат нутриционистите треба да ги конзумирате во ограничени количини и да бидете внимателни. Некоја храна или одредени намирници може да влијаат негативно на вашиот труд да ја одржите посакуваната тежина.

Авокадо

Авокадото е навистина суперхрана! Еден авокадо содржи 10 грама влакна и скоро два пати повеќе калиум за разлика од бананите. Го снижува нивото на холестерол, го намалува ризикот од дијабетес и рак и го подобрува здравјето на кожата. Меѓутоа неговата маана лежи во тоа што содржи високо ниво на маснотии, така да и покрај сите предности кои ги има, во случај на преголема конзумација постои шанса да добиеме вишок килограми. Најдобро е да го користите умерено само како додаток, односно зачин во конкретни оброци кои ги припремате.

Јаткасти плодови

Како и авокадото јаткастите плодови содржат голема количина на добри масти. Но како што знаеме здраво не мора да значи добро и неопходно. Неколку чаши пиво и рака вакви грицки кои ги внесувате имаат многу калории. Една мала чинија јаткасти плодови содржи околу 135 калории, што не  е малку со оглед на количината која во овој случај се јаде. Затоа и дневно се препорачува само една рака дневно.

Протеински чоколади

Протеинот е добар, зар не? Секао дека е. Но ако се решите да му додадете појачување во вид на лоши масти и шеќер. Ваквите чоколада служат за подигнување на енергијата во ситуации на долги прошетки, напорно вежбање, планинарење и сите останати ситуации кои подразбираат озбилно  внесвање на енергија. Исто така, кога ги бирате во проданица, обратете внимание тие да содржат ниско ниво на шеќер.

Мусли

Во теорија, овие мешавини богати со влакна претставуваат сјајна ужина или доручек. Проблемот е тоа што кога ги купуваме често во нив содржат мед, сушено овошје, семки, чоколада, а покрај тоатешко е да сенодреди порција.

Препорачлива доза претставува 4 супени лажици, мера која тешко ќе го засити некого. Затоа добро е овие оброци да ги зачувате за денови кога сте повеќе физички активни, па да ви послужи како доволен извор на енергија.

Сушено овошје

Да, звучи добро тоа што тие содржат хранливи материи и антиоксиданти. Тука најчесто се мешаат повеќе врсти овошје кои генерално содржат повеќе или додатоци на шеќер. Затоа, одлучете се за природно.

Чоколада

Чоколадата со висок процент на какао содржат соединенија кои се нарекуваат полифеноли и помагаат за снижување на крвниот притисок. Но, пред да го воведете чоколадото во секојдневната исхрана, бидете свени дека заедно со какаото доаѓаат заситените масти и шеќери. Затоа, кога купувате чоколадо одлучете се за она со повеќе какао и определете се за помала чоколада , наместо за една голема.

Храна без глутен

Дури и ако не се алергични, некои луѓе се одлучуваат за тестенини, колачи, пијалоци кои не содржат глутен, само затоа што звучи поздраво. Добро е да знаете дека производите без глутен содржат поголем број калории од оние кои се богати со истиот. Затоа е најдобро да се држите до оние производи кои природно не содржат глутен, како што е киноа.

Шејкови

Шејковите во кафичите најчесто ги служат во големи шолји или чаши збогатени со разни додатоци како што е чоколадото, што резултира со многу калории од 600 до 1000. Подобро е сами дома да си направите микс од оние состојки кои ги сакате, се разбира во умерени количини.

Туна

Од повеќе причини туната претставува одличен избор, а покрај тоа постојат и многу начини да ја комбинирате и јадете. една конзерва содржи помалку од 200 калории, само 1 грам масти и 42 грама протеини за изградба на мускулите. Но ако туната ја претворите во салата тогаш доаѓа до проблем. Само една лажица мајонез додава 10 грама масти плус 90 грама екстра калории. Одлучете се за посен мајонез наместо обичен, а ако правите сендвич, не затварајте го, туку комбинирајте го со уште една кришка леб. Или уште подобро наместо леб измиксајте ја заедно со свежа зелена салата.

Кафе

Шолја црно кафе има 5 калории, но само по себе за многу луѓе е прејако па се одлучуваат за одредени додатоци. Само шеќер и млеко кои ги додавате може значително да го зголемат бројот на калории доколку не внимавате. На пример лате кафе содржи 300 калории и 15 грама масти, и тоа без шеќер. затоа е најдобро да додадете лажичка крем во прав наместо цела шолја млеко, или евентуално да го исфрлите шеќерот.

Грчки јогурт со вкус
Грчкиот јогурт е фантастичен, посебно оние слатки варијанти. Но само една чашка ваков јогурт има 16 грама шеќер, половина од препорачаната дневна доза. Затоа е многу подобро да купувате обичен јогурт и само да додавате свежо овошје или нешто друго по сопствена желба.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...