Почетна / Здравје и исхрана / Здрава замена за пекарски квасец: стартер од р‘жано брашно за безглутенски леб

Здрава замена за пекарски квасец: стартер од р‘жано брашно за безглутенски леб

Стартер е одлична замена за пекарски квасец како и за лицата кои се осетливи на глутен во печивата

Тој е традиционална, природна замена за пекарски квасец, а со ферментација на брашното и водата, лебот станува многу полесен за варење. Добро ќе го поднесат и лицата осетливи на глутен.
Како да приготвите природен домашен квасец?

Еве го рецептот:

  1. ден наутро
    Во поглем стаклен сад помешајте 1dl млака вода и 30г ржано брашно. Содржината ставете ја во тегла или во самиот сад но со поклопец. Внимавајте, потребно е да биде подоставен капакот за да влегува воздух во садот. Теглата се става на топло место во кујната. Идеална температура за квасецот е 20-25 °C. Вака содржината нека стоиу три дена и секое утро лесно промешувајте ја содржината со дрвена лажица. За време на овој период же се појават меурчиња.
  2. ден наутро

Додајте  1 dl млака вода и 90 g ржано брашно, па промешајте, ќе добиете малку погусто тесто.

  1. ден навечер

Процесот на варење веќе започнува и тестото би требало малку да нарасне . Од теглата излејте пола од содржината, па додадете 1dl  млака вода и 60 gr брашно и помешајте.

  1. ден наутро

Повторете ја претходната постапка, оставете само 0,5 dl во садот, додајте 1 dl млака вода и  60 g ржено брашно, промешајте и оставете.

  1. ден наутро

Доколку тестото се дуплирано и изгледа пенасто, вашиот природен квасец е готво. Доколку не изгледа така , повторете ја постапката уште еднаш: излеете се освен 0,5 dl, додадете  1 dl млака вода  и  60 g ржено брашно, промешајте и оставете. За да проверите дали стартерот е доволно активен ставете мал дел во вода и доколку плута над површината на водата тогаш е спремен.
Стартерот се користи за печење на свежи печива. Доколку не го користите веднаш ставете го фридижер- може да стои до 7 дена.
Доколку започне да мириса на алкохол, тогаш потребно е да направите нов стартер.

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...