Почетна / Рецепти / Здрава и вкусна напивка од банана

Здрава и вкусна напивка од банана

Бананите се едноставни за готвење, здрави се и имаат мек, кремаст и тропски вкус. Сезоната на бананите е од јануари до април, но ова овошје достапно е во супермаркетите во текот на целата година. Кога ги избирате банани идеални се оние кои се потполно жолти, со некоја кафеава дамка. Избегнувајте ги оние со поголеми дамки. Бананите можете да ги чувате во фрижидер и по неколку дена.

Напивка од банана и овес

Потребно Ви е: 25 грама овесни снегулки, 125 милилитри јогурт, 1 банана исечена на три дела, 115 милилитри млеко, 2 лажици мед, на врв лажица цимет.

Подготовка: Во блендер ставете ги овесот, јогуртот, бананата, млекото, медот и циметот. Миксирајте се додека смесата стане изедначена. Сервирајте ладно.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...