Почетна / Совети за здравје / ЗДРАВА ХРАНА – ПРИОРИТЕТ ЗА ВРЕМЕ НА ЖЕШКИТЕ ЛЕТНИ МЕСЕЦИ!

ЗДРАВА ХРАНА – ПРИОРИТЕТ ЗА ВРЕМЕ НА ЖЕШКИТЕ ЛЕТНИ МЕСЕЦИ!

Летото е дел од годината кое обилува со овошје и зеленчук па затоа би требало да консумирате што е можно повеќе здрави производи и вода и така ќе го подобрите здравјето.

Јадете големи количества на свежо овошје и зеленчук и производи од интегрални житарки, а избегнувајте го тестото и масните чорби.
Пијте ја водата и пред да ја почувствувате жедта, избегнувајте ги ладните и газирани напивки.
Ограничете го внесувањето на мастите – до 10% дневно
Јадете што е можно повеќе риба
Намалете го внесувањето на месо, не претерувајте со протеинска храна и не консумирајте премногу благи напивки
Распоредете го дневното внесување на 5 до 6 помали оброци
Изберете го овошјето и зеленчукот кое е богато со витамин Ц како што се нектарини, вишни, малини … се она  што можете да го најдете на пазарите

Доматот е богат со ликопен и со други фито хемикалии кои го намалуваат ризикот од рак на простатата. Богат е со витамин Ц и калиум па затоа задолжително користете го во салатите или како прилог во сендвичите.
Сливите се исто така добар извор на витамин Ц а обезбедуваат и основни антиоксиданси.
Еден грејпфрут дневно го намалуваат нивото на ЛДЛ холестерол и триглицериди.

За совршен изглед во текот на летото ќе Ви поможат следните намерници:

  • Грејпфрут, лимон, ананас
  • Вишни
  • Круши
  • Кајсии
  • Овошен јогурт
  • Млеко и јогурт 1-1, 15%
  • Грашок
  • Грав
  • Леќа
  • Интегрални тестенини

Со почетокот на летото почнува и сезоната на скарите. Научниците потврдуваат дека месо кое се пече на скара содржи барем две канцерогени материи. Сепак, не би требало од се да се откажеме, постојат начини при подготовката на скара со кои се намалува неговото евентуално штетно делување. Црвеното месо треба да се исчисти од маснотиите. Пилешкото месо и црвеното месо би требало барем половина час пред печење да се стават во маринада, при што подлабоките слоеви од месото остануваат сочни и се намалува количеството на канцерогени материи.

Во текот на жешките денови пијте повеќе вода!

Водата е главна хемиска компонента на нашиот организам, 60% од нашето тело се состои од вода. Неопходна е за метаболизам затоа што ги исфрлува токсините од виталните органи, ги носи нутриентите до клетките, ја одржува телесната температура стабилно, ги подмачкува зглобовите. Жешките летни денови ја зголемуваат веројатноста од дехидратација, која може да предизвика болести кои се поврзани со висока температура. Дури и слабиот степен на дехидрираност создава чувство на малаксалост. Високите температури поврзани со ниската влажност предизвикуваат дехидратација, но сите проблеми можете да ги спречите доколку каде и да одите со себе земете шише со вода. Луѓето реагираат на чувството на жед но кога веќе ја почувствуваат жедта веќе се во состојба на делумна дехидрираност. Во текот на жешките летни денови треба постојано да се пијат течностите. Посебно се осетливи на Високи температури и дехидратација децата и постарите луѓе. Стручњаците препорачуваат да активностите кои се изведуваат надвор од домот во текот на жешките денови да се поместат во утринските часови или во текот на доцното попладне или вечер уз редовно користење на препарати за сончање.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...