Почетна / Активен живот / Зборувајте со вашите деца за сексот

Зборувајте со вашите деца за сексот

Зборувањето со децата за сексот e една од најпредизвикувачките работи за родителите. Во денешното општество потребно е да се разговра со детето за сексот, бидејќи тоа веќе добива информации за сексот од ТВ, музиката, другарчиња од училиште, интернетот и од други извори. Но, често тие информации се некомлетни и погрешни. На Вашето дете му е потребен одговорен извор на информации за сексот, а најдобра личност за тоа се секако родителите. Потребно е да се одговара на прашања поврзани со сексот за да се разјаснуваат нејаснотии и дискусија за вредностите и здравото однесување.

Зборувањето за сексот не е лесно, дури и малите деца треба да започнат да градат здраво однесување. Сексот е комлексна тема, а учењето за сексот е процес што треба да започне во раната возраст. Сексуалноста се обликува од чувствата и верувањата што се развиваат во текот на целиот живот. Што порано се започне со формирање на вредности толку подобро за детето. Со тоа му се помага да стане безбеден, среќен и одговорен возрасен.

Многу е важно како се кажува содржината и на кој начин. Потребно е да се придржувате кон следните правила:

– Секогаш да се користат правите имиња;

– Да не се одбегнуваат одговори на прашањата (некогаш некои прашања знаат да вознемират, колку и да се чувствува непријатно родителот секогаш треба да даде одговор);

– Ако родителот не го знае одговорот потребно е искрено тоа да му го каже на детето;

– Родителот треба да ги контролира своите реакции;

– Премногу информации се тешки за прифаќање и разбирање, подобро е да се одговара кратко и директно.

Здравата сексуалност дава здрави вредности како што се почитување, одговорност, грижа за другите и споделување со другите. Родителот може многу да помогне во тие вредности доколку и самиот се однесува така.

Често се случува родителите да ги избегнуваат содржините со секс на ТВ или во околината. Напротив тој момент треба да се искористи за драва дискусија со детето. На пример, ако се зборува за ХИВ треба да искористи моментот за едукација за сексуално заразни болести. Од време на време родителот треба да ги ревидира темите кои се претходно разговарани за сексот. Потребно е на детето да му се дава да чита за сексот со тоа што родителот ќе одбере материјал за сексуалноста во склад со неговата возраст.

Како што расте детето така се менуваат и прашањата и барањата. На возраст од 3-5 години, децата се свесни за разликите помеѓу машки и женски, се љубопитни околу нивните тела и телата на другите, а може да не бидат способни да разберат на пример како бебињата растат од јајце клетка. На оваа возраст им е потребно да добиваат едноставни и точни одговори. Нив им е потребна помош за да раберат кои теми и однесувања се во ред за во јавност, а кои треба да се чуваат за во приватност. Исто така кој смее да ги допре нивните тела, а кој несмее, што треба да направат кога некој ќе ги допре несоодветно и тн.

Децата на возраст од 5-8 години строго се идентификуваат себе си како машко или женско. Сеуште се љубопитни за своите тела и ги споредуваат со телата на другите од истиот пол, можат да разберат како бебињата растат и како се создават. Децата од оваа возраст имаат потреба од целосни одговори како и потреба да дискутираат за сексот.
parent talking to child

Децата на возраст од 8-10 години можат целосно да го разберат сексот и репродукцијата. Повеќето штотуку се навлезени во пубертет или нивни соученик е во пуберетет па може да ги споредуваат нивните тела со другите. На оваа возраст им се потрбни целосни одговори, да знаат дека се нормални, како и факти за превенција од бременост, ХИВ инфекција како и сексуална апстиненција.

Кога се одговара на прашањата на децата важно е да се држите до фактите (не  дека бебињата ги носи штркот), се проверува дали детето го разбрало одговорот и се користат и слики за полесно разбирање секако адекватни за возраста. Искреноста и едноставноста се најзначајни во комуникацијата со Вашето дете.
sexed_1749077c

Во врска со сексот има и други потешки теми со кои можат да се соочат родителите на пр. мастурбација. Потребно е да се знае дека бебињата и малите деца играат со своите сексуални органи, тоа е нормално и не е физички штетно и е потребно да ги научиме да не го прават тоа јавно. Исто така, е интересно кога се разговара со децата или со младите за разголеноста што ја има по медиумите или во околината. Во различни семејства многу се различни стандардите за голотијата. Често тие стандарди се менуваат како што расте детето.

Сексот е дел од животот на Вашето дете и треба да има знаење за него и во наредните години. Бидете подготвени да одговарате на посложени прашања како на пример за сексуалната ориентација и слично.

Спец. Д-р Слободанка Пендаровска

Специјалист по психијатрија

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

www.neuromedica.com.mk

https://www.facebook.com/PZUNeuromedica

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...