Почетна / Совети за здравје / Завист или чувство на инфериорност?

Завист или чувство на инфериорност?

Во денешното општество каде се вреднуваат успехот, физичкиот изглед, инелигенцијата, добрата материјална состојба,моќта, славата… зависта е емоција која неретко се сретнува.
Кога тежнееме да бидеме подобри и да имаме повеќе, ние им завидуваме на оние кои сметаме дека се поубави, помоќни, завидуваме на добрите оценки на нашиот другар, на подобрата плата и ситуираност на нашите бивши соученици од средно училиште, на другите за талентите кои ги поседуваат, на нечиј туѓ углед, скапа облека, убав дом…

Зависта поттикнува споредување со другите и натпревар затоа што всушност претставува знак за постоење на непријателски или барем амбивалентни чувства наспрема другите , а понекогаш и скриена омраза.

Општеството во кое луѓето едни на други си завидуваат креира психосоцијална клима во која е опасно да се биде успешен и натпросечен. Во ваквото општество се анлуираат поединечните успеси, затоа општество во кое не се истакнуваат успешни поединци и во кое предоминира завист -стагнира. Меѓу припадниците на ваквите средини владеат слаби кохезивни врски.
Во нашето општество често се користи изразот ”завиден” доколку некого за нешто пофалиме често каќуваме, ”тој успеа да постигне завиден успех”, “тој е толку успешен што му завидуваат”. На тој начин зависта и антипатијата доведуваат до креирање на нишка на зависта со успехот.

Малку теорија…

Зависта е емоција која се чувствува кога се прави проценка дека некој друг незаслужено поседува нешто што одредено лице чувствува дека има  исто или поголемо право да го добие тоа. Зависта се манифестира како желба за нешто што некој друг го има а ние го немаме, но и како однос спрема другата личност. Целта е јасна: таа нас не мотивира на однесување кое води до изедначување на разликите во личните или социјалните вредности  помеѓу нас и оној на кому му завидуваме. Таа и помага на личноста да одреди дека и таа сака да постигне ниво на успеси кои ги постигнала другата личност спрема која се чувствуваат овие емоции. Овие емоции на една личност и укажуваат и и помагаат да одреди дека и таа сака да оствари исто што остварила и некоја друга личност со која се споредува во случајот.

Во основата на зависта е чувството на инфериорност. Хроничното чувство на инфериорност е цврсто поврзано со чувството на завист, затоа што многу завидливи се оние луѓе кои во основа не поседуваат високи лични вредности. Тоа се луѓе кои својата вредност ја проценуваат па пат на споредување со другите. Затоа и зависта е емоција која предизвикува голем страми од неа најмногу се браниме себе. Скоро и да не постои некој кој ќе признае памакар и еднаш дека завидува некому.

Како се однесуваат луѓето кога чувствуваат завист?
Децата често си завидуваат едни на други за играчките , а често пробуваат саканата играчка да ја одземат од рацете на другото дете или пробуваат да ја уништат. Возрасните се однесуваат посложено, понекогаш агресивно и деструктивно или компетитивно, мотивирајќи се себа да се здобијат со поголемо добро или успех од другиот (побелел од завист или позеленел од завист е само израз за специфичниот израз на лицето кој луѓето го имаат кога чувствуваат завист за некого). Зависта може да се почувствува и за лице блиско на нас како пријател, партнер па дури и спрема брат или сестра …затоа ретко кој умее вистински да се израдува на нечиј туѓ успех. Како и што напишал Оскар Вајлд “секој може да сочувствува со страдањето на пријателот,но е потребен цврст карактер за да му се радуваме на неговиот успех”.

Типови на завист

– Конструктивна и деструктивна завист

Конструктивната завист значи дека за личноста туѓиот успех не се однесува на незиниот личен неуспех. Ваквата завист на личноста и помага да ги дефинира целите кои ги посакува и притоа со своите желби да не ги загрозува целите на другите. Оваа завист секогаш не е добра и можа да доведе до страдање. Доколку личноста на пример вложи поголем напор,материјални сретства или време во остварување на своите цели и притоа истите да не резултираат со посакуваниот аутпут.
Деструктивната завист поаѓа од тоа дека туѓиот успех значи во исто време и сопствен неуспех -затоа чувството на завист понекога може да наликува на чувство на тага, Таа води до уништување или одземање на нештото за кое на другиот му завидуваме со што личноста на која и се завидува би била во моментот на одземањето еднаква на личноста која е деструктивна.

– Адекватна и неадекватна завист

Адекватната завист е онаа која и помага на личноста да ја препознае сопствената желба и да го оствари тоа добро на кое му завидува на другите.
Неадекватната завист претставува желба да се стекне она за кое личноста која што завидува и нема некоја реална корист затоа што тоа всушност и не е нешто што таа го посакува туку само имитирана желба.

– Здрава и нездрава завист

Здравата завист е онаа која е конструктивна и адекватна. Личноста настојува да добие посакунаво добро кое искрено го посакува со дозвола и друга личност да го поседува истото. Нездравата завист е деструктивна и неадекватна: ја поттикнува личноста да го омаложува туѓиот успех , да уништи или одземе нешто што другата личност го поседува, а притоа доброто кое другата личност го поседува не и е од голем интерес ниту пак и е од било каква корист и значење.

Како да разликуваме љубомора од завист?

За завист потребни се двајца, а за љубомора тројца. Зависта е чувство дека некој друг незаслужено поседува нешто што се мисли дека е субјект или право на другиот, додека пак љубомората е чувство кое е заосновано на верувањето дека лицата кои ги сакаме сакаат некој друг. Во партнерските односи може да се појави завист : доколку личноста завидува на нечиј туѓ партнер притоа сакајќи да има таков парнер и засебе, меѓутоа доколку личноста го сака истиот партнер тогаш станува збор за љубомора.

Некогаш во исто време може да постои и завист и љубомора спрема некого: на пример играчката кое едно дете ја добива од својот родител може да предизвика завист кај братчето или сестричето, кое овој чин ќе го смета како доказ на  љубовта на родителот која во голема мера се насочува кон другото дете.

Не споредувајте се со другите, секоја единка е засебна за себе.
Прифатете ја својата индивидуалност, сопствените желби, изглед, успеси и бидете подготвени за поголеми успеси.

 

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...