Почетна / Совети за здравје / Заштита на нежната детска кожа од изгореници

Заштита на нежната детска кожа од изгореници

Прекумерната експонираност на сончевите зраци може да предизвика црвенила, изгореници кои поредизвикуваат болки, неудобност, треска па и дехидрација.

Заштитете го своето дете од влијанието на сонцето.

Кога и како се случуваат сончаниците?

Влијанието на сончевите зраци е најсилно во периодот помеѓу 10 и 16 часот, па затоа прошетките по градот правете ги за време на утрото или по 17 часот. Сончевите зраци се рефлектираат покрај површини како вода, снег, песок и цемент затоа внимавајте.
Црвенило на кожата може да се појави и кога не е топло надвор. Тоа е така поради тоа што оваа појава се случува под влијание на UV зраците не топлината. Тие можат да предизвикаат изгореници од сноце во било кое време без разлика на сезоната, а тенката и нежна детска кожа е најподложна на нивното влијание. Овие зраци не можат да бидат видени со голо око но знаците на оштетување на кожата кои овие зраци можат да ја предизвикаат ќе бидат видливи и подолго време по изложеноста на изгорениците.

Чувајте го своето дете на безбедно место

Користете го заштитниот покрив на количката кога и да сте излезени на прошетка со своето дете. Добро е да имате и дополнителна сенка или чадорче со цел да го заштитите целото тело на детенцето од влијанието на UV зраците.
Со цел да обезбедите комплетна заштита за детето облечете го во лесна светла облека која ги прекрива неговите нозе и раце. Светлите бои ја рефлектираат светлината и не ја зголемуваат температурата на телото за разлика на темните бои кои ја абсорбираат.
Без разлика дали детенцето има голема коса или не шапка е задолжителен аксесоар кој треба да го носи на себе. Преферирајте капа со полица која ги покрива челото, вратот и ушите.

Користете крема со заштитен фактор 

Користете крема со висок заштитен фактор. Тој секогаш мора да е повисок од 15. На описот на производот секогаш стои опис за каков тип на заштита се однесува дали за UVA или UVB зраци.  Имајте во предвид дека UVB зраците предизвикуваат брчкање и горење на кожата и UVA зраците и штетат на кожата со поголем размер.

Аплицирајте го лосионот половина час пред детето да биде експонирано на сочнева светлина и повоторувајте ја постапката на секои два часа. Покријте ги сите изложени области од телото, ушите, вратот, лицето, рацете , нозете, грбот. Доколку сте на плажа и сте влегле во вода, по излегувањето од вода избришете ја водата од телото и повторно нанесете крема без разлика пред колку време сте нанеле крема последниот пат.
Доколку патувате со автомобил за време на топол ден, исчистете го автомобилот и нанесете освежувач за просторот пред да започнете да се возите во автомобилот. Нанесете крема со заштитен фактор и за возење во автомобил
Извор: Lorelli
http://lorelli.eu/en-bg/news/sun-protection-of-little-baby-1033.html

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...