Почетна / Совети за здравје / Заштита на коските

Заштита на коските

Без обзир на тоа колку во последните години се зборува за важноста од превенцијата и лечење на остеопороза,  од оваа болест и понатаму зема замаф и се повеќе заболуваат  жени, но сепак тука спаѓаат и мажите. Остеопороза е хронична болест на коските која што го добила и називот ,,тивка епидемија на 21 век,, а нејзини карактеристики се  намалувањето на густината на коските поради тоа што тие стануваат порозни. Во суштина се работи за преку-умерен  губиток на калциум од коскеното ткиво. Имено  самиот процес на создавање и ,,трошење,, на коските е вообичаен физиолошки процес кој што се одвива во текот на животот. Но кога намалувањето на коскеното ткиво станува поголемо од неговото создавање, доаѓа до остеопороза.

sendi-sihat

Првите знаци кои укажуваат на појава на оваа болест се: болки во пределот на половината, намалување на висината и згрбавеност. Некогаш остеопорозата се јавува многу драматично на начин што се кршат пршлените или колковите. Кршењто на коските кај остопорозата може да се јави дури и како последица на незначителни  надворешни делувања. А во поодмината фазаа често се јавува болка,деформација и слабост.  Некои фактори кои претставуваат ризик како што се : полот (женски), староста не е возможно да се спречат. Но постојат и фактори на кои што можете да влијаете а тука пред се, се јавува внесувањето на доволно количество на калциум, витамин D, и протеини. Исто така тука спаѓаат и прстанување на пушењето, смалување на внесеното количество на алкохол и кафе, и зголемување на физичките активности.

timthumb

Внесувањето на доволно количество на витамин D и калциум неопходно е за одржување на густината на коскената маса. Калциумот е најзастапен минерал во човечкото тело, во организмот имаме повеќе од  килограм, а 99% од вкупниот калциум се наоѓа во коските и забите. Имајќи го во предвид фактот дека остеопорозата во суштина е преку-умерено губење на калциум од коските, самиото внесување на калциум може да ја успори оваа болест. Витаминот D  ја стимулира апсорпцијата на калциумот од цревата и на тој начин го зголемува користењето на внесениот калциум.

Советувајте се со вашиот лекар и погрижете се да ја внесувате дневната доза на калциум и витамин D во вашиот организам, така што ќе ви помогне во борбата против оваа болест.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...