Почетна / Совети за здравје / Заштита на бебињата и децата од сончевите зраци
JPEG Pro

Заштита на бебињата и децата од сончевите зраци

На оваа тема пишува Д-р Јулија Рангеловиќ педијатар во Поликлиника Неуромедика.

Летните месеци се време кога многумина од нас ќе заминат на одмор на некои од туристичките летни дестинации. Но она што не треба да се заборави е и штетното дејство на сончевите УВ зраци. Доколку не сме внимателни, уживањето може многу брзо да се претвори во болен престој во хотелската соба. Со применана соодветни заштитни мерки ќе си обезбедите на себе и на Вашето семејство безгрижен престој за време на Вашиот одмор, па и долго откако одморот ќе заврши.

Изгореници од сончевите зраци третман и превенција

Лицата со потемен тен на кожата се помалку сензитивни на дејството на сончевите зраци, но ризик од изгореници постои кај сите луѓе. При полесни форми се појавува црвенило и, на допир, болна и топла кожа. Во потешките форми може да се развијат меури (везикули), треска, покачена температура, главоболки, општа слабост и останати тегоби. Потешките форми на изгореници водат и до брза дехидратација и некогаш бараат хоспитален третман. Везикулите на кожата може да се инфицираат и бараат дополнителен антибиотски третман.

Бебињата и децата имаат сензитивна кожа и се изложени на поголем ризик од изгореници и оштетувања при подолготрајна изложеност на сончевите УВ зраци. Потребна е заштита на детската кожа од штетните сончеви УВ зраци при секој престој на отворено.

Што треба да правземете доколку дојде до појава на изгореници

  • При појава на изгореници кај деца под 1 година, веднаш да се консултира педијатар, а кај поголеми деца да се консултира педијатар доколку на кожата се појават меури (везикули), појава на покачена температура или болка.
  • При појава на изгореници од полесен степен со појава на црвенило на кожата :
    • интензивен внес на течности:водаили 100% овошни сокови за надомест наизгубените течности;
    • аналгетик сируп Paracethamol или сируп Ibuprofen при појава на болка;
    • ладни облоги или туширање на детето со поладна вода;
    • локално медицински лосиони само по препорака на доктор;
    • да не се изложува на сонце детето се додека промените не се санираат во потполност.

Корисни совети за спречување на изгореници

Неколку корисни совети и препораки за заштита на децата од сончевите зраци:

  ·       Бебињата на возраст под 6 месеци, не треба да бидат изложени директно на сончевите зраци, секогаш да постои заштита со чадори за сонце или под сенка од дрво;
·      Да се носи удобна, памучна, лесна облека во светли тонови;
  ·      Да се користат очила за сонце и капи кои го штитат лицето, ушите и задниот дел од вратот на детето;
·      Да се избегнува изложеност на сонце во периодот од 10:00 до 16:00  часот во тек на денот, кога УВ зраците се најинтензивни;
  ·      Да се користат заштитни креми кои штитат од УВБ и УВА зраците со висок заштитен фактор SPF (sun protection factor) од најмалку 15 до 50 SPF. Да се нанесе на сите експонирани делови од телото посебно на носот, образите, ушите, рамениците и тоа најмалку 15 до 30 минути пред изложување на сончевите зраци бидејќи е потребно време кремата да се абсорбира во кожата;
  ·      Да се нанесе нов слој од заштитната крема на секој 2 часа и по престој во вода бидејќи ниедна крема не е 100% водоотпорна;
·      Да се користи заштитна крема и при облачно време, бидејќи до 80% од сончевите УВ зраци проаѓаат низ облаците;
  ·      При нанесување на заштитната крема да се внимава на контакт со очите. Доколку настане иритација да се измијат и избришат очите и рацете со памучна ткаенина. Доколку кремата ја иритира кожата да се проба друг препарат кој во својот состав содржи титаниум диоксид или цинк оксид. Доколку се развие алергиски исип од заштитната крема треба да се консултира лекар;
  ·      Зголемен внес на течности за да се превенира дехидратација.

 

Не заборавајте

Незаштитената кожа може да се оштети и по престој од само 15 минути на интензивни сончеви УВ зраци, додека кожните промени ќе станат видливи 6 до 12 часа по изложеноста. Затоа превземете ги сите горенаведени заштитни мерки за да ги превенирате штетните ефекти на кожата од сончевите УВ зраци.

 

Д-р Јулија Ранѓеловиќ

Педијатар

Поликлиника НЕУРОМЕДИКА

02/3 133-313

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...