Почетна / Активен живот / ЗАБОРАВЕТЕ ЈА ХЕМИЈАТА – ФАРБАЈТЕ ГИ ЈАЈЦАТА СО БОИ ОД ПРИРОДАТА!

ЗАБОРАВЕТЕ ЈА ХЕМИЈАТА – ФАРБАЈТЕ ГИ ЈАЈЦАТА СО БОИ ОД ПРИРОДАТА!

За овој Велигден обидете се да ги обоите јајцата со природни бои. Испробајте ги техниките на боење со лушпи од кромид, спанаќ, цвекло или со кора од портокал.

Правилото е едноставно во литар вода додадете 800 грама сечкан зеленчук. Доколку сакате да постигнете убаво розова боја, цвеклото исечете го на парчиња ставете ги парчињата во литар топла вода и додадете две лажици оцет. Доколку додадете малку сок од брусница, ќе добиете интензивно црвена боја. За да добиете жолта боја постапката е иста, само наместо цвекло користете ја кората од портокал. Грејпфрут измешан со лажица оцет ќе ги набои јајцата во боја на ливада. За небесно сина боја сечкајте ја црвената зелка, прелејте ја со литар вода, оставете ја да поврие, потоа извадете ја зелката и додадете ги јајцата.

Лушпи од кромид

Лушпите од кромид ќе им даде на јајцата убава црвено – костенлива боја. Извадете ја надворешната лушпа од црвениот кромид и ставете ја во вода и во неа варете ги јајцата. Кога ќе се сварат јајцата, тргнете ги од огнот и оставете ги уште малку да поседат во водата. За темно црвени јајца традиционално се употребуваат лушпи од кромид и лажица оцет. Доколку синото јајце на кратко го варите во вода со лушпи од кромид, ќе добиете виолетова боја на јајцата.

Кељ, спанаќ, блитва, коприва за добивање на зелена боја

За нежна светло зелена боја, користете го спанаќот, магдонос, коприва, кељот. Доколку сакате да им дадете сјај, премачкајте ги со памбук натопен во масло. Јајцата кои се боени со природна боја имаат матирана површина, а доколку сакате да им дадете сјај, премачкајте ги со памбук натопен во масло.

Куркума за жолта боја

Со помош на куркума јајцата ќе ги набоиме во интензивно жолта боја. Истресете ја куркумата во вода, оставете ја водата да се вари, додадете шеќер и потоа додадете ги варени јајца. Оставете ги да поседат преку цела ноќ за да лушпата ја впие бојата.

Сечете ги мотивите од салфетлите па залепете ги на јајцата

Варените јајца можете да ги украсите и со шарени украсни хартиени траки кои претходно сте ги обликувале во спирала или со мотиви од салфетки. Изматете ја белката и со неа премачкајте ја лушпата на вареното јајце. Сечете ги цветовите, пеперутките или некој друг мотив од салфетката и внимателно ставајте ги на лушпата која е премачкана со белката и оставете ги јајцата да се исушат.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...