Почетна / Совети за здравје / Забите ги чува подобро од секоја паста!

Забите ги чува подобро од секоја паста!

Кокосот е многу моќна билка која може да убие бактерии што се одговорни за пропаѓање на забите.

Врз основа на тоа повеќе научници од Ирска ја тестирале делотворноста на кокосовото масло на Streptococcus mutans – бактерија која се лепи на забите и произведува киселина која предизвикува пропаѓање и уништување на забите. Имено, тие воочиле дека маслото помешано со пробиотски ензими станало силно средство кое успешно ја убива споменатата  бактерија.

Кокосот значи би можел да се наоѓа во пастата за заби и во водата или средствата за плакнење на устата, со што забите би биле значително повеќе заштитени од вообичаено, сметаат научниците.

Водичот на истражувањето Др. Демијен Брејди на институтот ”Athlone Institute of Technology” во Ирска рекол:  “Забниот кариес е здравствен проблем на кој не се обрнува доволно внимание. Влијае на 60 до 90% од децата и кај повеќето возрасни во развиените земји. Кокосовото масло модифицирано со ензими во производите за хигиена на забите би било атрактивна алтернатива за хемиските адитиви, посебно затоа што делува во релативно мали концентации.”

Кокосовото масло ја убива и лошата Candidu albicans, која предизвикува исцедок, болни полови односи и пецкање за време на мокрење. Освен што се користи за здравствени придобивки успешно им служи на жените за разубавување: ставаат на косата за прихрана, на лицето за хидратација, мекост и сјај на кожата, на ноктите за зацврстување и сл.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...