Почетна / Здравје и исхрана / За здраво срце јадете кикиритки

За здраво срце јадете кикиритки

Откриено е дека кикиритките го намалуваат ризикот од срцевиот и мозочниот удар, па затоа би било добро да ги вклучите во исхраната, но во умерени количини.

Кикиритките би можеле да бидат многу важно оружје во борбата против срцевиот удар, покажуваат резултатите од последните истражувања. Грицкањето на кикиритките или јадењето на путер од кикиритки најмалку пет пати неделно може да го преполови ризикот од срцевиот удар. Откриено е да кикиритките го намалуваат холестеролот, ги запираат воспаленијата и ја подобрува состојбата на крвните садови околу срцето.

Во периодот од 22 години научниците од Хардвард набљудувале 6 000 жени со дијабетес тип два, кој го зголемува ризикот од срцевиот и мозочниот удар. Тие жени имале посебен режим на исхрана, а секоја втора или четврта година исполнувале прашалници за начинот на исхраната.

Кога научниците ги споредувале резултатите, откриле дека жените кои јаделе кикиритки биле повеќе заштитени од срцевиот и мозочниот удар. Изненадување е тоа што ризикот е намален за дури 44 проценти.

Корисно е да во исхраната ги вклучите кикиритките затоа што го намалуваат холестеролот и го подобруваат здравјето. Секако и кикиритките би требало да се консумираат во умерени количини. Секој ден по малку и никако не претерувајте затоа што тоа ништо добро нема да му даде на организмот.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...