Почетна / Совети за здравје / Време е за црвен чај!

Време е за црвен чај!

Ако сеуште не сте пробале, крајно време е да пробате ројбос (rooibos), или чај од африканска црвена грмушка, кој може да се најде во продажба кај нас и тоа по достапна цена. Ги содржи ретките и многу моќни антиоксиданти: аспалатин и нотофантин, како и  железо, калциум, калиум, бакар, манган, флуор, магнезиум и цинк.

Чајот од ројбос го зајакнува имунитетот и го спречува оштетувањето на ДНК-клетките, кои може да прераснат во рак. Исто така може да им биде голема помош на лицата што страдаат од алергија на полен и на храна. Антиоксидантот аспалатин помага за контролирање на шеќерот во крвта, ја намалува инсулинската резистенција, ги подобрува апсорпцијата на глукозата во мускулите и излачувањето на инсулинот од панкреасот, што е одлична вест за дијабетичарите.

Научниците откриле дека црвениот чај го намалува ризикот од кардиоваскуларни и други дегенератицни болести. Имено, оваа напивка значајно ја намалува пероксидацијата на липидите, лошиот холестерол и триглицеридите,, истовремено влијаејќи на порастот на добриот холестерол. Меѓутоа, ројбосот не би требало да се користи во случај на болести на црнот дроб и на бубрезите, ниту при хормонски зависните тумори.

Проверете и

Први симптоми на остеопороза

Остеопорозата е болест во која доаѓа до губење на коскената маса и без никакви симптоми. ...