Почетна / Рецепти / Време е за попладневен коктел!

Време е за попладневен коктел!

Време е да наздравиме за престојаните сончеви и топли денови со соодветен коктел. Славниот мојито е омилен кубански коктел кој совршено ќе ве релаксира и со мисли ќе Ве однесе во далечната Хавана.

Ова е омилен пијалак на познатиот писател Ернест Хемингвеј, освежителен е, вкусен и едноставно се приготвува.

Потребно е:  

  • 3 лажици жолт шеќер
  • 1 лимета
  • 1 децилитар бел рум
  • 2 децилитри тоник ( како алтернатива може да послужи и минерална вода )
  • 4 ливчиња свежа нана
  • 4 лажици издробен мраз

Подгответе две чаши од 2 децилитри вода. Измијте ја и исцедете ја лиметата, а остатоците од кора исечете и искористете за декорација.

Потоа во секоја чаша ставете лажица и пол шеќер, додадете сок од лимета, додадете ја свежата нана, а потоа мразот, румот и тоникот.

Украсете со кора од лимета, измешајте, ставете цевче и консумирајте со одлична кубанска музика.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...