Почетна / Рецепти / Врап-сендвич со пилешко и авокадо

Врап-сендвич со пилешко и авокадо

За време на тропските топлини со кои се соочуваме што е најдобро да се консумира за да се чувствуваме лесно?

Ви предлагаме да подготвите лесен и здрав сендвич со пилешко и туна.
Пилешкото може да е гриловано, сварено или печено па и да е дел од остатоот од вашиот вчерашен ручек.
За помалку од 10 минути со овој одличен рецепт ќе се чувствувате сито, лесно и прекрасно.
Може да го подготвите со комбинација од било какви зеленчуци и да имате во домот.
Ова е нашиот предлог  за комбиниран сендвич:

– тортилја лепчиња
– јогурт
– авокадо
– зготвено кинато пилешко месо
– сок од лимон
– зачини
– сечкан кромид (млад кромид со перца и црвен кромид)
– магдонос
– пиперка
– чедар ситно изрендан

Состојките се сецкаат ситно (авокадото се пасира, месото се кине) и содржината се мачка во подебел слој врз тортилјата.  Се витка како ролат. Се сече на кругови. Се ужива во одличниот вкус

 

 

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...