Почетна / Активен живот / Вознесение Христово – Спасовден

Вознесение Христово – Спасовден

Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос.

Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата спасоносна наука. Затоа тие станале големи проповедници на Божјото слово. Дури кога ги уверил во вистинитоста на христијанската вера, се разделил од Неговата Пречиста Мајка, Пресвета Богородица, од Неговите апостоли и сите Негови верни чеда и се вознел на небото, по тој настан се нарекува празникот Вознесение. На своите апостоли по Воскресението им рекол: “… Јас сум со вас преку сите дни во свршетокот на светот. Амин!” (Свето Евангелие по Матеј)Еве, како го опишува Вознесението Христово светиот евангелист Марко: “А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небото и седна од десната страна на Бога. Тие пак отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!”Исус пак им се јавил на апостолите и заповедал да останат во светиот град Ерусалим, се додека не им го испрати Светиот Дух, кој излегува од Отецот. Во Новиот Завет, во Светото Евангелие според Лука е опишано Вознесението Христово: “И ги изведе надвор од Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. И кога ги благословуваше, се оддели од нив и се вознесе на небото; тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост”.

Во Делата на светите апостоли, од светиот апостол Лука стои дека Исус им се јавил на своите ученици и им рекол дека ќе примат сила кога врз нив ќе слезе Светиот Дух и ќе му бидат сведоци до крајот на земјата: “И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа, Он се подигна и облак го подзеде од пред очите нивни”. Кога гледале кон небото како се вознесува, пред нив застанале двајца мажи во бела облека и им рекле: “Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој е Исус, кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што го видовте да оди на небото”.Затоа, овој Господов празник е голем. Ова прославување на Вознесението Христово на небото, на настанот од пред 2000-тата година, секоја година со векови е потврда на црковната вистина, потврда на вистините во Светото Писмо, кое ни е дар од Севишниот Бог. Тоа е ден на минатото, сегашноста и иднината, радост на Христовата црква на небото и на земјата, чувство на слобода на христијанската душа, чувство на бескрајност, посилно од радост, посилно од восхит.

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...