Почетна / Активен живот / Возењето на велосипед – повеќе од рекреација

Возењето на велосипед – повеќе од рекреација

Искористете го времето додека не работите на најдобар можен начин. Рекреирајте се во градот, паркот или во периферијата. Побарајте го во гаражата Вашиот велосипед и тргнете во незаборавна авантура. Заедничкото уживање во возењето на родителите и на децата придонесува за подобро меѓусебно поврзување и зближување, затоа што децата учат дека родителите покрај тоа што се нивни воспитувачи и заштитници можат да бидат и забавни пријатели.

Покрај тоа тренерите истакнуваат дека возењето на велосипед е поефикасно од џогирањето кога станува збор за физичката кондиција, ја зајакнува мускулатурата, срцето и белите дробови.

Само половина час на возење дава позитивен ефект на срцето. Срцето и крвотокот се зајакнуваат и во исто време се растеретуваат коските и мускулите. Возењето велосипед со забава го подобрува расположението и квалитетот на сонот кај децата. Додека возите, Вашето тело автоматски почнува да го забрзува и Вашиот метаболизам, ги движи сите мускули на долните екстремитети и го крева нивото на издржливоста и кондиција. Доколку се определите за возење по терени кои имаат мали угорници , отпорот со кој ќе ја совладате угорницата ќе им овозможи поголема снага и сила на нозете. Пред да седнете на велосипед добредојдени се едноставни вежби за истегнување со кои ќе ги загреете мускулите а возењето на велосипед ќе Ви биде попријатно.

Најчестите повреди при возењето се гребаници на дланките и на колената. За да се спречат посериозни повреди и скршеници, покрај задолжителна опрема, треба да внимавате да возите на рамна површина.

Доколку треба да земете нов велосипед, треба да знаете дека има многу велосипедски категории и за секоја од нив постојат велосипеди кои се посебно прилагодени за различни намени. Во зависност од тоа какви се Вашите велосипедски амбиции, таков велосипед треба да барате. Сакате ли секојдневно да  го возите велосипедот од работа до вашиот дом и со тоа ја одржувате кондицијата? Тогаш барајте го градскиот велосипед со сигнализација, светилки и корпа. Или сакате да уживате во возењето во природа? Во тој случај изберете некој модел на mountain bike – велосипед. Доколку сакате да патувате со велосипед или можe да се натпреварувате во некоја трка, побарајте king или велосипед за на пат. За екстремен велосипедизам , изберете downhill, free-ride и dirt- jumb модел. За секој постои идеален избор! Возете, уживајте и бидете активни!

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...